Поврзете се со нас

Skopje Global

Македонија

САД ја обвинија Русија дека се меша во решавањето на спорот меѓу Македонија и Грција

abracadabra99/BigStock.com

САД ја обвинија Русија дека се меша во решавањето на спорот меѓу Македонија и Грција

Официјален Вашингтон одлучи јавно да и се спротивстави на Москва во нејзиното мешетарење низ Балканот, посебно истакнувајќи го случајот со Македонија и руското мешање во решавањето на спорот околу името што земјата го има со Грција.

„САД се загрижени поради уличните протести во Македонја и во Грција поради договорот за името, како и од потенцијалната руска инволвираност, откако двете соседни земји го разрешија деценискиот спор„- изјавил во Вашингтон помошникот на државниот секретар Вес Мичел, во излагање во американскиот Сенат.

Американскиот дипломат  го истакнал големото значење на грчко-македонскиот договор и посочил дека „ преку продуктивната американска дипломатија и со блиската соработка со ЕУ, САД ги подржуваат визионерските лидери- премиерот на Грција Алексис Ципрас и премиерот на Македонија Зоран Заев, во постигнувањето на историскиот успех, во спорот околу името.

Во таа прилика , Мичел предупредува на руското мешање во македонските внатрешни работи. „Тоа еднаш, веќе го видовме во Црна Гора каде руски функционери даваа заканувачки изјави. Мислам дека сега и во случајот со Македонија, постојат шанси Русите да го направат истото и да се обидат и таму да се замешаат„.

Заменик државниот секретар во Сенатот изјавил дека САД се враќаат на Балканот, за да не им дозволат на Русија и на Кина да го прекршат и да го оделат Западот. Мичел откри дека Вашингтон забрзано подготвува долгорочна стратегија за присуството на САД во Источен Медитеран. Според овој дипломат, се работи Грција да биде потпора на стабилизирањето во Медитеранот и во реонот на Западен Балкан.

Тој предупредил дека ЕУ (Европа) одново се сцената на која се одвива сериозен стратешки натпревар, но и дека во истовреме, Унијата се соочува со притисоци на повеќе фронтови. Прво, од стратешките кампањи на Русија и Кина, потоа од рекордниот број мигранти, но и од амбициите на Иран во реонот на Источен Медитеран и од недовербата во институциите на ЕУ.

„Русија сака да го подели Западот, а Кина да го потисне. Двете заедно, сакаат да го прекршат„- рекол Вес Мичел во расправата во Сенатот на САД, порачувајќи и на Москва дека Вашингтон сака подобри односи со Русија, но дека тоа е можно само ако го запре своето агресивно однесување.

Така зборува помошникот државен секретар на САД, според извештајот на VOA, но што се однесува до Русија и до нејзиното замешателство во Западниот Балкан, а посебно кога станува збор за Македонија, во изминатите две години, Москва и не се обидува да сокрие дека ги поткопува напорите на Скопје и на Атина да му стават крај на спорот околу името кој има и подлабоки корени во минатото.

Во ниту една изјава на руската дипломатија , немаше досега подршка за преговорите, без притоа да се објасни што е она што и пречи на официјална Москва- да се разреши мирно, со компромис  овој спор кој не само што ги блокираше македонските стратешки надворешно-политички цели, туку уште од самиот почеток претставува закана и за стабилноста на целиот балкански регион. Наместо подршка, Москва во Скопје испрати припадници на нејзината  националистичка и религиозна крајна десница, со чија директна помош,  беше создадена „руска„ партија во Македонја, по урнек на партијата на Владимир Путин, каква надвор од Русија на овие простори има само уште во Србија, потоа на новокомпонираните русофили им беа префлени пари за да дејствуваат во полза на руската , во основа , антимакедонска политика, за да се свртат кон обучување (веројатно тоа продолжува) свои активисти за дејствување во медиумите, во образовниот сектор, посебно во високото школство и во обучувањето „кадри„ за дејствување на улица. Сите тие, на свој начин, треба да ги попречуваат  и да ги урнисаат досега постигнатите работи околу договорот, што веќе е потпишан и верификуван во македонскиот Парламент, а посебно, да го спречат завршувањето на целиот тој процес на затворање на случајот со името, со референдумот во Македонија и со ратификацијата во Парламентот на Грција, што треба да го следи успешното македонско референдумско изјаснување.

Русија (со Србија) е единствената која не го поздрави потпишувањето на историскиот македонско-грчки договор за името и отварањето на (историски) нова страница во односите на двете соседни земји, иако не толку одамна и Москва се залагаше за мирољубиво и дипломатско решавање на спорот, за кој и таа тогаш  предупредуваше дека неговото одржување , значи закана за регионалната стабилност.

Напуштањето на таквиот руски приод, беше отворено манифестирано откако Москва застана во одбрана на поранешниот премиер на Македонија и против смена на власта, замешувајќи се на тој начин во внатрешните работи на земјата, без никаков респект за напорите на тогашната опозиција за враќање на демократијата во земјата, за обнова на почитувањето на човековите права и на слободата на медиумите, за градењето правна држава и за пресметката со криминалот на претходниот режим кој ја претвори Македонија во своја приватна компанија. Останува да се открие кој стоеше зад обидот да се ликвидира тогашниот лидер на опозицијата, како и некои политичари од албанската етничка заедница во Македонија откако „патриотските сили„ на тогашната владеачка ВМРО-ДПМНЕ и наводните „уставобранители„ насила навлегоа во Парламентот во Скопје, без да интервенира полицијата,  додека власта и претседателот на државата кој беше (и се уште е ) под нивна контрола, чекаа за да прогласат „вонредна состојба„ што на нив и на задоволство на силите од надвор, сместени во соседството и подалеку, ќе им овозможеше неконтролирано и бесконечно владеење.

Како изговор за ваквиот мрачен, антимакедонски план, беше користен предложениот Закон за јазиците, што наводно, ќе ја растурел Македонија. Отворено против и со користењето на вмровската терминологија, во работите гласно и јасно се замеша Москва, со притаеана подршка на Белград, чиј разузнавач со дипломатски имунитет, беше откриен меѓу оние кои насила влегоа во Парламентот, за да ги претепуваат (тогаш) опозициските пратеници и нивните колеги Албанци, за да предизвикаат меѓунационални тензии и за да испровоцираат пуч на самата власт, во тоа време.

Во многу помирна атмосфера, но и натаму исполнета со тензии, со закани од улично насилство и со „пресметка„ со актуелната власт , предводена од владата на премиерот Заев, која беше и остана верна на државната определба за влез во ЕУ и НАТО, засилено работи на таа агенда. Домашната опозиција, иако со нов лидер, заедно со  претседателот на државата, продолжуваат да ги блокираат таквите определби, прогласувајќи го договорот со Грција за божемно „предавство„  на македонските државни и национални интереси, што е речиси истоветно со елаборацијата на руските крајно десничарски емисари кој во Скопје бараа од „здравите„ сили во Македонија, да се спротивстават на дил со Грција и на влегување на земјата во НАТО и ЕУ.

Официјална Москва, се прави како да не знае кои се тие руски емисари кои роварат по Западен Балкан и во Македонја, но продолжува со заканите дека ако избувнала светска војна,  Русија ке ни фрлала бомби, зашто како членка на НАТО, Македонија ќе била меѓу руските непријатели. Тоа треба да значи дека Русите дозволуваат (!?) Македонија да и се приклучи на ЕУ, ама не и на Северноатланската алијанса, што е обичен руски блеф, зад кој се крие руската заложба од земјата да направат нова Белорусија, со еден вечен владетел, оставена изолирана, без соработка и пријатели на Западот и низ светот, и секако надвор од НАТО. Москва добро знае дека Македонија таму може да се приклучи само ако со Грција,  трајно се разреши спорот за името, па затоа продолжува да работи во минирањето на потпишаниот договор.

(Т.И.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Македонија

Горе