Битка за школките во Ламанш
Француски и британски рибари, се судрија во водите на каналот што Французите го нарекуваат Ламанш, а Британците Англиски канал, во “поморска битка” за морските школки, омилени на трпезите и во двете соседни земји.
Овој необичен инцидент, се случил во Заливот Сена, наспроти брегот на Нормандја, на тој начин што разгневените француски рибари со своите бротчиња , ги истуркале бротчињата на британскте рибари. Највоинствените, со своите бротчиња и поголеми рибарски чамци, буквално, ги истуркале оние на Британците од зоната каде овие ваделе школки. При тоа, има оштетени пловни објекти и на двете страни, но според информациите на медиумите и во двете држави, нема повредени лица, а и сите брoтчиња можеле самите да се вратат во пристаништата од каде испловиле.
Французите ги обвинуваат соседите од Британија, за грабеж на морските школки, што британските рибари категорично го отфрлаат, инсистирајќи дека не сториле ништо спротивно на досегашната, веќе воспоставена пракса. “Битката за школките” доаѓа во време кога Британците се подготвуваат да ја напуштат ЕУ, а после неколку годишното внимателно уредено и одржувано примирје на рибарите од двете земји, па инцидентот иако, во основа минорен, доби во јавноста и друга димензија.
Британците со свите редовни поплаки на ЕУ, на нејзината “бирократизираност”, на рибарските квоти, кои на Лондон еднаш му одговараат, а следниот пат е против нив, како и на субвенциите во аграрот, од што најмнгу европски пари извлекуваат Французите, но субвенции земаат и многу Британци, а меѓу нив и кралските имоти , сопственост на британското кралско семејство, сакаат сите вакви случаи и недоразбирања да им ги стават “на душа” на Брисел и Унијата, но во случајот со морските школки тие со ништо немаат придонесено за ваков вид немили сцени во каналот што ги дели Франција и Британија.
Повеќе од една деценија рибарите од двете земји се во расправии и повремени судири за морските школки во Заливот Сена, главно, затоа што нивниот лов во Франција и во Британија е различно уреден. На барање на француската рибарска индустрија, владата во Париз има определено (француските рибари ) да не ловат школки во тој сектор, во периодот меѓу мај и октомври. Британската влада, меѓутоа, нема таква одлука, па Британците може да ловат во текот на целата година, практично, пред самиот француски брег, без никакви ограничувања.
За да има мир, двете страни се имаат спогодено- британските рибари, во забранетиот период за Французите, да не испраќаат големи бродови за собирање на школки, па наместо тоа доаѓаат во Заливот, наспроти Нормандија, со мали бротчиња. Но од француска страна, од пред извесно време приговараат дека Британците сега испраќаат многу повеќе мали бротчиња од порано, со што, практично, се злоупотребувала “џентламенската спогодба” па затоа тие бараат и рибарите од другата страна на Каналот, да не ловат морски школки до октомври.
Од Британија, возвраќаат дека француските барања се нереални и сега, што инаку ретко го прават, се бранат со прописите на ЕУ и на определбата дека нема квоти за ловењето школки. Британските рибари кои на референдумот од јуни 2016 година, масовно беа за излегување на нивната земја од ЕУ, затоа што сметаат дека така ќе имаат контрола врз своите води за рибарење., веруваат дека Брегзит ќе им донесе полза. Но независни посматрачи предупредуваат дека по Брегзит треба да се очекува и другите, оние кои остануваат во ЕУ, по излегувањето на Британците дека ќе “свртат нов лист” и ќе им го затворат пристапот за ловење.
Француските рибари кои по судирите во Заливот Сена, за домашните медиуми изјавувале дека “ја добиле битката со Британците” но дека се уште треба да се борат за да ја добијат и “војната” можноста за победа, ја гледаат во Брегзит, кога се очекува да побараат од својата влада во Париз, конечно, да ги “дисциплинира” соседните рибари. Освен тоа, војната за квоти меѓу големите индустриски бродови и локалните (британски) рибари, никогаш не била работа на ЕУ, туку за британските територијални води, е во надлежност на владата во Лондон.
(Л.П.)
Фото: Vinoverde/BigStock.com