Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Дневен брифинг

Pe3check/BigStock.com

Дневен брифинг

Фондацијата Отворено општество, што ја има создадено американскиот милијадер Џорџ Сорос, се пресели во Берлин, од Будимпешта, каде беше нејзиното седиште  уште од времето на формирањето, по паѓањето на комунизмот во Европа. Фондацијата одлучи да го пресели своето седиште, откако стана цел на постојани напади на десничарската влада на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Без било какви докази, Орбан  го обвини Сорос дека е виновен за бегалската криза на европскиот континент. Обвинувањата уследија по воведувањето на остра антимигрантска политика, од страна на унгарската влада, која одби да прифати бегалци и мигранти од солидарната квота на ЕУ, за рамноправно распределување на лугето од Блискиот и Средниот Исток и од Северна Африка, во време на кризата со бегалците во летото 2015 година. Десетмилионска Унгарија требаше да прими едвај три илијади луге, на привремено сместување, но Орбан тоа го објасни како закана за чистотата на унгарското општество и ја огради границата кон југот (спрема Србија и Хрватска) прогласувајќи го како кривично дело секое илегално влегување во земјата. Фондацијата Отворено општество се најде на удар на властите, затоа што ја осудуваше таквата владина политика. „Фондацијата замина од Будимпешта поради се порепресивниот, политички и правен систем што ја опкружува Унгарија“ – се вели во соопштението на Отворено општетство. Џорџ (Ѓерѓ) Сорос (88) е унгарски Евреин кој го има преживеано холокаустот и насилствата на унгарската квислиншка власт во текот на Втората светска војна, преселувајќи се во САД.

Лондон

Британија и официјално ја обвини руската воена разузнавачка агенција ГРУ за серија сајбер напади извршени во Британија и низ светот. Во соопштението на специјалната агенција за борба со ваквиот криминал, ГРУ стои зад најмалку четири сајбер напади, меѓу кои фирми во Украина, но и во Русија, потоа во седиштето на Демократската партија на САД, една британска тв мрежа, како и Агенцијата за анти-допинг (ВАДА). Од оваа агенција, се хакирани и подоцна обелоденети доверливи податоци за двајцата британски велосипедисти Бредли Вигинс и Крис Фром, за кое било познато дека „сомнителни“ супстанци биле користени од исклучиво здравствени потреби. Уште тогаш беше сомнително дека зад ваквите напади стои Русија, но ова е прв пат официјален Лондон да ја посочи ГРУ, за директна вмешаност. Оваа разузнавачка агенција, што е под контролата на руската армија, ги има под своја надлежност сајбер нападите. Според британската полиција, двајцата Руси кои го извршија нападот со нервен гас врз рускиот бегалец, поранешен припадник на ГРУ, кои сега живее во Британија, исто така се оперативци на оваа разузнавачка агенција.

Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ  изјави дека „постепеното приближување на Србија кон ЕУ, не значи расипување на односите на Белград со Русија, но кога сме во посета на Русија, не значи дека се откажуваме од патот кон ЕУ“. Тој уште рекол дека Србија „има добри односи со НАТО, низ разни програми, но не сака и да влеземе во НАТО“. Изјавата на Вучиќ доаѓа по неговата посета на Москва, на 2 октомври, каде се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Во текот на нивната средба во четири очи, Путин не го прифатил планот за признавање на Косово , според проектот на Вучиќ за присоединување на северно Косово , што во Белград се промовира како „разграничување“ . Објаснувањата на српскиот претседател за тоа дека Белград  сака да биде дел од ЕУ, а да има и добри односи со Москва, е дел од  неговото интервју за американскиот весник „ Вашингтон Пост„ . Според весникот, интервјуто е направено во текот на ова лето, но сега се објавува и тоа еден ден по написот на рускиот весник „Комерсант“ во кој се откриваат детали за постета на Вучиќ и за неговите разговори со Путин. „Вашингтон Пост„ заклучува дека руското влијание во Русија е многу поголемо од она на Западот, иако ЕУ има вложено далеку повеќе средства во развојот на Србија отколку Русија. Српскиот претседател, сепак, верува дека доколку во земјата се одржи референдум, мнозинството српски гласачи би се определиле за ЕУ.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе