Поврзете се со нас

Skopje Global

Македонија

ЕБОР финансира еко-автобуси за Скопје

K.Sorokin/BigStock.com

ЕБОР финансира еко-автобуси за Скопје

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) учествува во проектот на градот Скопје и на ЈСП (Јавното сообраќајно претпријатие) за купување нови, еко- автобуси за потребите на градскиот автобуски сообраќај во македонскиот главен град.

Во соопштението на Банката се вели дека се доделени десет милиони евра заем, за набавка на 35 автобуси кои работат на природен гас. Станува збор за еколошки проект со кој треба да се намали загаденоста во Скопје и да се исчисти воздухот од штетните гасови, барем што се однесува до сообраќајот и посебно за јавниот превоз во градот. Со вклучувањето на новите автобуси на “чисто гориво” емисијата на CO2 (на јаглен двооксидот) на скопските улици и над градот ќе се намали за најмалку 15 отсто.

Вклучувањето на ЕБОР во реализацијата на проектот ќе му помогне на Скопје да се подготви за неговото вклучување во акциониот план на Банката за “зелени (еколошки чисти) градови” до 2020 година.

Главниот град на Македонија е еден од дваесете градови кои ја имаат потпишано оваа програма.

Малку над еден милион евра, од одобрениот заем, ќе бидат употребени и за подршка на јавниот автобуски превоз и за реорганизирање на ЈСП, за да може и фирмата да биде подготвена за реализацијата на планот “зелени градови”.

Пред неколку години, набавени се автобуси за градскиот сообраќај од Кина и од Украина, но тие се со застарена технологија, со мотори на дизел гориво, па еколошките експерти веруваат дека иако го имаат унапредено градскиот превоз, сепак, од еколошка точка тие придонесуваат за вкупната загаденост на воздухот во градот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Македонија

Горе