Поврзете се со нас

Skopje Global

Трендови + Општество

Детето кое не ја знаеше Библијата

IrenMorez/Bigstock.com

Детето кое не ја знаеше Библијата

Една тажна приказна за нефункционално семејство, за отсуство на родителска грижа, за растењето на две мали деца-близнаци без близината и топлината на оние кои ги создале, се претвори во сторија за  брутално и монструозно убиство на едно седумгодишно дете, што ја потресе и вознемири Америка.

Седумгодишниот Етан бил донесен во локалната болница во град во сојузната американска држава Висконсин,  со целосно искршено тело- фрактури на ребрата, тешки повреди на главата, внатрешно крварење во стомакот и повреди по целото тело. Но,  лекарите, шокирани од состојбата на малото тело на кое веќе не можеле да му помогнат, само констатирале дека детето е мртво.

Тоа што подоцна се дозна е дека малиот Етан бил измачуван, тепан и усмртен – по казна, само затоа што не знаел да цитира 13 стихови од Библијата!

Тој и неговиот брат-близнак биле доделени на чување и старателство во семејството Хошлуц, брачниот пар Тимоти и Тина, кои веќе имале син, 15 годишниот Демијан. Социјалните  служби ги одзеле близнаците од нивната мајка, бидејќи таа целосно ги запоставила. Ги доделиле на семејството Хошлуц биле тие им биле најблиските роднини, Тимоти бил брат на нивната мајка, во надеж дека тие ќе се грижат за двете деца.

Час и половина непрестана тортура

Тоа што се случило, меѓутоа, открива дека малечките не нашле вистински дом, што требало да им го замени домот со нивните биолошки родители, па како што сега се открива,  во семејството Хошлуц живееле во сурови услови,  изложени на строг режим на „ воспитување“ , со примена на насилни методи  , тиранизирање и често тепање. На овој начин биле „ воспитувани“ двајцата браќа- близнаци, од што по едно претепување Етан починал.

Колку што се знае , вујкото Тимоти наредил малечкиот да биде казнет, зашто не научил наизуст делови од Светата книга. За казната, како вообичаен метод што бил применуван за децата врз кои имале старателство, знаела и вујната Тина, која никогаш не се спротивставувала на користењето на казната како начин за да усвоените деца се упатат по„ вистинскиот пат“, а казната требало да ја надгледува и да ја спроведе нивни син Демијан.

Седумгодишниот Етан, по казна,  требало да носи на себе парче дрво, за кое истрагата на локалниот шериф утврдила дека било тешко колку и самото дете. Казнувањето траело 1,5 час а во тоа време тинејџерот Демијан се изживувал врз својот двојно помал братучед – стоејќи на градите на малечкиот и на неговата глава, притоа , постојано тепајќи го со се што ќе му се нашло при рака. На крајот, го закопал несреќното дете во снег. Според американските медиуми , при првото сослушување „ детето- монструм“ како што го нарекуваат тинеџерот Хошлуц, изјавил дека „ само го погребал Етан во малиот мртвечки сандак од снег“. Измрцвареното тело на детето на крајот починало од хипотермија.

Мажот и жената од ова семејство кога виделе што има направено нивниот син, го однеле Етан во болница, но било доцна, па сега не се знае зашто тоа воопшто го направиле. Медиумите во САД веруваат само за да си обезбедат какво-такво алиби и за да можат да се оправдуваат дека направиле обид несреќното дете да се спаси.

Серија пропусти до трагедијата

Полицијата на Висконсин , меѓутоа, ги обвинила за брутално и како што се вели монструозно убиство, сите тројца од семејството Хошлуц- таткото Тимоти кој наредил тепање, мајката која знаеле што се случува, а ништо не направила да се спаси Етан, како и 15 годишниот Демијан- извршител и егзекутор во казнувањето. Иако тој е се уште малолетен, поради суровоста и бруталноста во она што го има направено , ќе му се суди како на возрасен.

Судот ќе пресуди и сигурно е дека ќе ги казни овие злосторници,  но американската јавност прашува како воопшто можело сето тоа да се случи во САД, во денешно време, во 21 век, пред очите на полицијата, на социјалните служби и на лугето околу кои живеело ова семејство. Без разлика какви  биле  како верници, ако воопшто и биле и ако воопшто вакви луге можеле да веруваат во Господ и во Библијата, каде во една од светите заповеди се вели – не убивај. Големо прашање е зошто на локалната полиција и требале десет месеци да го уапсат Демијан и исто толку време, за да дури сега подигнат обвинувања за тројцата, кога злосторството се случило во април 2018 година.

Страшната смрт на малиот Етан повеќе не е само криминална приказна, колку што станува предупредување за американското општеството и за одговорноста на надлежните служби за тоа каде и кому се даваат на чување, старателство и на усвојување деца чии биолошки родители ги заборавиле, или се откажале од нив. И тоа не само за САД, туку и за секаде во светот, затоа што вакви, или слични случаи има на други места. Случајот Етан , меѓутоа, е и сторија за злото во човекот, што не може да се оправдува со некаква  „ верска заслепеност“. Не само кај брачниот пар Хошлуц, туку и кај постариот малолетник Демијан , нивниот син, кого го подигнале во суров и брутален убиец,  кој се изживувал врз својот малечок братучед, немоќен за да му се спротивстави . Психолози и психијатри веројатно, пред и по судењето,  ќе утврдат што е тоа што го направило овој тинејџер да стане монструм.

(И.Г.)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Трендови + Општество

Горе