Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Нацистот Луков “воскресна” во Софија

Anton Chalakov/BigStock.com

Нацистот Луков “воскресна” во Софија

Бугарските ултрадесничари, придружени од истомисленици од неколку европски земји, учествуваа во пронацистички марш низ улиците на Софија, на кој беа “вооружени” со запалени факли. Тоа требаше сосема да наликува и да потсети на времето на нацизмот во Европа и на Германија од времето на Адолф Хитлер, на неговите нацистичките паради и манифестации организирани пред и за време на Втората светска војна, секогаш спроведувани ноќе и со запалени факли во рацете на учесниците.

Софиската пронацистичка парада беше организирана за да се одбележи годишнината од смртта на Христо Луков, лидер на бугарскиот пронацистички Сојуз на бугарските национални легии, кој бил убиен во атентат изведен од партизаните во Бугарија, во февруари 1943 година, во Софија.

Неговата пронацистичка организација дејствувала од 1932 година, па се до капитулацијата на Бугарија во Втората светска војна, во септември 1944 година. Сојузот што го формирал Луков бил поставен врз основите на типичната крајно-десничарска идеологија од тоа време, како и врз основите на нацизмот, антисемитизмот, антикомунизмот и идеологијата на еднопартиска десничарска држава.

Тој бил министер за војна во тогашната влада во Софија, во периодот меѓу 1935 и 1938 година, силно заговарајќи цврсти врски на Бугарија со нацистичка Германија и со режимот на Хитлер. Неговите денешни симпатизери и поддржувачи, меѓутоа, гледаат на Луков како на “херој”, на одважен офицер во текот на војувањата во Првата светска војна, како и на министер кој ја “обновил бугарската армија”.

Во масата која минала низ улиците во центарот на бугарскиот главен град, која според полициски проценки не била поголема од околу две илјади лица, покрај бугарски ултра-десничари и неонацисти имало и “засилување” од поддржувачи на оваа идеологија од Германија, Унгарија и Шведска. Софиски медиуми откриваат дека во минатите години, на истиот ваков марш доаѓале и десничари од Чешка, Словачка, Норвешка, Португалија.

Во Софија, во ноќта со факлите, бил организиран и контра-марш на демократските, антинацистички и либерални групи и движења. Организаторите на овој протест изјавиле дека се собрале да го кажат својот глас против повампирувањето на нацизмот и десничарските диктатури.

“Не сакаме повеќе да се повторува нацизмот од 20 век, ниту она што тој им има донесено на Европа, на милиони луѓе”

…изјавиле организаторите на контра-протестот во Софија.

Светскиот еврејски конгрес (WJC), како и бугарските политички партии барале суспензија на маршот. Софискиот градоначалник го забранил маршот за величање на бугарскиот нацист Луков, но после жалбата на суд, ултрадесничарите, сепак, успеале да добијат дозвола.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе