Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

„ Угљевик“ – босански „ Чернобил“

jokerpro/Bigstock.com

„ Угљевик“ – босански „ Чернобил“

ТЕЦ „ Угљевик“ во БиХ емитира повеќе сулфор-двооксид од сите вакви централи во Германија , покажува најновата анализа за квалитетот на воздухот , направена од европските и регионални еко организации.

Во анализата се посочува дека босанската термоцентрала, заедно со „ Костолац-Б“ во Србија , учествува во половина од вкупната загаденоста со сулфор-двооксид во сите држави на Западен Балкан, во кои има 16 вакви централи. Босанската ТЕЦ , како и српската, се наоѓаат сосема блиску до населени места , па тие две, заедно со другите, претставуваат здравствено и економско оптоварување за цела Европа, а последиците за здравјето на лугето , со материјалните трошоци , паѓаат на товар на целата ЕУ, се констатира во анализата чии детали ги пренесуваат медиумите во БиХ.

Медиумите откриваат дека ситуацијата е најкритична во работничката населба Букиње, која се наоѓа сосема блиску до Тузла , затоа што оваа локалција е означена како индустриски најзагедената индустриска населба во БиХ. Воопшто , оваа поранешна Ју република е означена како држава која има најголеми проблеми со загаденоста на воздухот. Во групата на десете најголеми европски загадувачи , три се наоѓаат на босанската територија, а ТЕЦ „ Угљевик“ е убедливо на самиот врв.

Експерти изјавиле за медиумите дека загаденоста на воздухот претставува „ невидлив убиец“ и дека според количеството на сулфур што го испушта во  воздухот, во анализата се вели дека „ нема таков случај во светот“, па „ Угљевик“ се означува како своевиден босански „ Чернобил“   . Но,   заканата за лугето и за нивното здравје, не доаѓа само од оваа централа и опасноста не се однесува само за населението во нејзината поблиска и подалечна околина, иако тоа е далеку најзагрозено. Истражувањата што се направени,со кои  биле опфатени сите 16 централи на јаглен во регионот на Западен Балкан ,  откриле дека тешките последици за лугето се чувствуваат насекаде.

Околу 3900 лица умреле порано, во текот на 2016 година , како последица на загаденоста на воздухот со сулфор-двооксид , во реоните каде се лоцирани овие 16 балкански централи на јаглен.

Што се однесува до босанската, веќе се преземени мерки да се елиминира заканата од „ Угљевик“ на тој начин што се градат постројки за т.н. десулфуризација на издувниот гас од оваа термоелектрична централа. По вклучувањето на оваа технологија , босанскиот „ Чернобил“ би можел да стане најчистата ТЕЦ во БиХ и во регионот , барем што се однесува до елимирањето на сулфурдвооксидот и цврстите честички.

Еколозите и тамошната јавност, од порано заговараа централата да биде затворена, но се покажа дека никој не се осмелува тоа и да го направи , оправдувајќи го неприфакањето на една ваква радикална мерка ,  со тешките социјални и општествени  последици што таа би ги предизвикала. Работењето на „ Угљевик“освен што овозможува произведство на струја , овозможува и работа за 2500 работници во рудникот за јаглен „ Крека„ од каде се зема суровината за централата. Тоа значи дека ставањето клуч на централата- загадувач би значело загрозена егзистенција за над осум илјади лица.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе