Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Путин: Русите и Украинците се еден народ

tsirika/Bigstock.com

Путин: Русите и Украинците се еден народ

Како што можеше и да се претпостави, новиот украински претседател Володимир Зеленски, веќе во своите први денови како шеф на државата, има проблеми со Русија и со нејзиниот претседател Владимир Путин.

Додека уште беше само кандидат, тој беше исмеван од официјалните руски медиуми и третиран како  „еднакво лошо и слабо решение“ како и сите другите , заедно со сега веќе поранешниот претседател Петро Порошенко. Кога беше избран , со неочекувано уверлива победа, успехот на овој новајлија во политиката и доскорешен тв актер и комичар, во Москва беше целосно одмолчена.

Но само по три денови, од таму стигна веста за декретот на Путин , за да им се  дели руско државјанство на жителите на двете бунтовнички и практично отцепени источно-украински провинции Луганск и Донецк и тоа по забрзана постапка. ЕУ , Западот , посебно Франција и Германија , како и САД , остро реагираа на ваквата одлука на Москва. За сите нив, тоа беше знак за натамошна ескалација на руската интервенција на украинската територија.

Зеленски кој во изборната кампања најавуваше ослободување на заробение украински морнари, како и трагање по брзо решение за Истокот на земјата, не можеше да ја одмолчи руската провокација, па декретот за делење руско државјанство на источните Украинци го означи како „доказ за тоа кој е агресорот“.

Двојно државјанство

Кога некои од западните земји побараа итна седница на Советот за безбедност на ОН , објаснувајќи дека делењето на руско државјанство на лугето во провинциите кои се под контрола на проруските бунтовници е повреда на теритријалниот интегритет на Украина и вовед во „ нов Крим“, официјална Москва се спротивстави тоа прашање да биде тема  на Советот за безбедност. Самиот Путин, во меѓувреме,  излезе во јавноста со „дообјаснување“ за неговиот контроверзен декрет.

Сега на Киев им нудеше решение, на тој начин што на Украина и предлага спогодба за „двојно државјанство“. Како изговор за таквата солуција беше земена налутената реакција на Зеленски , за тоа  дека како реванш за декретот на Путин , тој на сите Руси на украинската територија ке им додели украинско државјанство .  Станува збор за оние кои постојано живеат во Украина ,  Руси се по националност, но немаат украинско државјанство .

„Русите и Украинците се еден народ “ – изјави веднаш потоа Путин во Москва, објаснувајќи го таквото единство,  гледано од културно, јазичко и историско значење.

Според него , намерата на Зеленски да им додели на сите украински Руси државјанство на Украина е позитивен чекор , што за рускиот претседател е знак дека Киев и Москва би можеле да го решат ова прашање со спогодба – низ давањето двојно државјанство – за Русите во Украина и за Украинците во Русија .

Украинците кои инсистираат на својата посебност , меѓутоа , во ова гледаат само  како на „ данајски подарок “ од Москва и обид да се неутрализира реакцијата на меѓународната јавност и да се примири Киев . За нив , останува стравот од повторување на Крим и во Луганск и Донец кои , инаку , веќе имаат прогласено независност , со т.н. „ Донецка Народна Република“ . Москва  не ја има признаено , но не се има ниту спротивставено , иако тоа значи газење на територијалниот интегритет на Украина и пример за еднострана сецесија на украианските Руси од тој дел на државата .

Стан купен од олигарх

Понудата за „ двојно државјанство “ сега се проценува во Киев , каде Зеленски и формално е потврден како победник на изборите и нов шеф на државата . На самиот старт , меѓутоа , тој освен судирот со Москва ,  има уште еден проблем , а тоа е можноста да биде обвинет ( од гласачите ) за двоен морал и неискреност .

Проблемот е што се разбра дека неговата сопруга , пред инвазијата на Крим , во 2013 година , во едно елитно одморалиште на полуостровот , има купено стан по повеќе од 50 отсто пониска цена од еден локален , украински олигарх . Олена Зеленски го има купено (станот формално е на нејзино има ) за 164 илјади долари , иако претходно , цената за истиот стан од 75 квадратни метри , изнесувала 4000 долари за квадрат . Засега , никој не му ги брои парите на семејството Зеленски , но тој веќе е обвинет за мамење на гласачите , затоа што во кампањата , постојано најавуваше пресметка токму со олигарсите , а сега се гледа дека од нив купувал имот – по специјална цена .

Станува збор за олигарх што до 2013 година бил пратеник во украинскиот Парламент  . Тој се сомничи за сомнителни зделки околу продавањето акции од една негова банка , па критичарите на новиот претседател тврдат дека Зеленски е само „ обичен пион “ на украинскиот олигарх Ихор Коломоиски , инаку сопственик на тв станица која го подржуваше Зеленски и сите претходни пет години војуваше против Петро Порошенко .

( Д.У. )

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе