Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Руска шпионска GPS техника во Ормуз?

photowrzesien/Bigstock.com

Руска шпионска GPS техника во Ормуз?

Британската разузнавачка агенција МИ6 засилено трага по евентуална „ руска врска“ при грабнувањето на танкерот под британско знаме во Ормускиот премин, во Персискиот Залив, објави лондонскиот весник „Дејли Мирор“,

Според весникот, се стравува дека руска шпионска GPS техника била користена за да се наведе танкерот во погрешна позиција, во зона каде може да се тврди дека големиот брод навлегол во иранските територијални води. Сега се настојува да се утврди дали една ваква шпионска техника предизвикала бродот да „ заскита“ и на тој начин, да се создаде алиби за Иранците за нивната интервенција и за грабнувањето на британскиот танкер.

Првичната верзија за инцидентот беше дека постапката на Иран значи  „ вратка“ за „ заробениот“ ирански танкер, кај Гибралтар, што го изведе британската воена морнарица стационирана во Медитеранот и во оваа британска прекуморска територија, тврдејќи дека танкерот превезува нафта за режимот во Дамаск.

Инцидентот кај Ормускиот премин се означува како ескалација на „ иранската криза“ која започна со воведените остри американски санкции за властите во Техеран, по едностраното повлекување на САД од  „нуклеарниот договор“ на Иран со меѓународната шесторка ( САД,Британија, Франција, Кина и Русија, плус Германија), направен во времето на претходниот американски претседател Барак Обама. Кризата продолжи и се засили со соборувањето на едно беспилотно летало, од страна на иранската Револуционерна гарда, по што уследи предупредувањето од САД дека Американците може воено да интервенираат, за да го казнат иранското однесување.

По заробувањето на британскиот танкер, официјален Лондон најави „ замрзнување“ на иранскиот имот и финансиските средства, а аналитичарите проценуваат дека ваквата постапка на Техеран може да придонесе новиот британски премиер да биде далеку „ потврд“ кон Иран. Проценките велат дека најверојатно, тоа ќе биде Борис Џонсон, за кого претседателот Доналд Трамп веќе зборува дека ќе „ ќе биде добар премиер“ . Во Лондон, затоа,  се смета дека ваквиот нов човек во Даунинг стрит 10, би можел многу повеќе отколку Тереза Меј досега,  да им угодува на Американците. Дури и со одлука да ја повлече Британија од „ нуклеарниот договор“ , со што овој документ би бил дефинитивно мртов.

Македонија како „ силна и ефективна“ членка на НАТО

Американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајат во изјава за атинскиот весник „ Катимерини“ рекол дека целата сегашна американска дипломатска и друга активност кон Република Северна Македонија е насочена да се подржи оваа грчка сосетка да стане силна и ефективна членка на НАТО.

Според Пајат, најважното е веќе направено, а тоа е дека е затворен 27 години стариот спор меѓу Атина и Скопје. За спорот амбасадорт рекол дека со постигнатиот договор од Преспа се надминува и едно прашање кое предизвикуваше нервоза во американските дипломатски односи со грчката дипломатија. „ Добро е што тоа прашање веќе го нема во американако-грчките односи“- рекол амбасадорот на САД во Атина.

Пајат уште додал дека САД ја подржуваат улогата на Грција во Северна Македонија, како што е веќе постигнатиот договор, грчките воени авиони да го надгледуваат воздушниот простор над нивната северна сосетка, верувајќи дека таа ќе се зголемува и со засилување на економската соработка.

Изјавата на Џефри Пајат за атинскиот весник е дадена пред престојот на американскиот дипломат Филип Рикер во Грција. Рикер потоа ќе престојува и во Македонија.

Харадинај на сослушување  во Хаг

Доскорешниот косовски премиер Рамуш Харадинај кој неочекувано поднесе оставка на функцијата, откако прифати да се појави на сослушување пред Специјалниот суд во Хаг за воените злосторства на поранешната ОВК, предвидено е на 24 јули да се соочи со обвинителите.

Според медиумите во Приштина, покрај него, пред обвинителите во Хаг ќе се појави и Јакуп Красниќи, поранешен претседател на косовскиот Парламент и некогашен портпарол на Главниот штаб на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Не се јавува дали Красниќ ќе одговара како осомничен, или како сведок.

Ова не е прв пат Харадинај да биде обвинет, па веќе на два пати беше ослободен поради недостиг на докази. Во една изјава дадена при соопштувањето на оставката, тој рекол дека не стравува за можноста да биде обвинет и суден, па најавил враќање во политиката.

Неочекуваната оставка, во екот на заострувањето на косовско-српските односи, меѓутоа, предизвика бранување и во Приштина, но и во Бекград. Во косовската политичка јавност останува дилемата како ќе реагира тамошниот претседател Хашим Тачи. Едната можност што тој ја има е да именува нов мандатор за косовската влада, додека другата можност е организирање предвремени избори. Анкетите покажуваат ако има избори, партијата на Харадинај одново би добила најмногу гласови.

Во Белград, пак, тамошната политичка елита остана затечена, како што беше и со воведувањето на екстра таксите за српските производи, од владата на Харадинај. Првата српска реакција беше дека оставката на косовскиот премиер е политички маркетинг. Подоцна позицијата беше малку изменета, со коментар дека Белград останува да гледа како ќе се развиваат работите, околу сослушувањето на обвинителите во Хаг, за да се оцени дали е во прашање „ некаков политички менаџмент“.

Неутралните аналитичари, размислуваат поинаку и според нив, новонастаната ситуација не би требало туку така да се минимизира, затоа што таа отвара простор за обнова на целосно запрениот преговарачки процес. Повлекувањето на Харадинај, освен тоа, овозможува и покренување  разговори околу повлекување на наметнатите такси од страна на косовската влада, доколку во Белград престанат да се однесуваат надмено и од позиција на посилниот.

Таксите се појавија како реакција на Приштина на српската офанзива, помогната од Москва, за притисок врз земји во Африка, Централна Америка  и на Пацификот, да го повлечат веќе даденото признавање на косовската независност. Целта на таквата офанзива беше да се покаже дека Косово не е вистинска држава и да се блокираат обидите за негово вклучување во меѓународните организации. На тоа, сега веќе бившиот премиер Харадинај,  реагираше со воведување екстра такси за српските производи за косовскиот пазар, за да се покаже дека Косово е држава. За укинувањето на таксите, тој бараше од Србија да ја признае косовската независност.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе