Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Мик Џегер актер во крими-филм

NorthfotoBP/Bigstock.com

Мик Џегер актер во крими-филм

Британската рок ѕвезда Мик Џегер, фронтменот на прославената група „Ролинг Стоунс“ се појвува како актер во филмот „The Burnt Orange Heresy” на италијанскиот режисер Џузепе Капотонди. Станува збор за филмска адаптација на истоимениот роман од американскиот писател Чарлс Вилфројд. Главните улоги ги толкуваат Доналд Сатерленд и Елизабет Дебики.

Во филмот, Џегер го игра ликот на богаташ и уметнички колекционер, опседнат со делата на еден осамен сликар. Против него, актерот Мик прави заговор за да му украде една мошне вредна уметничка слика.

Ова не е прв пат Мик Џегер да се појавува во улогата на филмски актер. Џегер кој од пред некоја година доби орден од кралицата Елизабета Втора за своите досегашни постигнувања во музиката и правото да ја носи титулата „сер“ досега се има појавено во десет долгометражни филмови.

Наполни 76 години, па го нарекуваат „дедото на рокот“ , но сепак и понатаму настапува на концерти. При крајот на јуни, тој и неговите „Стоунси“ ја продолжија својата најнова американска турнеја, која беше прекината пред повеќе од два месеци, затоа што Џегер се разболе и врз него беше извршена помала хирушка интервенција на срцето.

Филмот „The Burnt Orange Heresy” премиерно ќе биде прикажан на почетокот од септември, на годинешниот филски фестивал во Венеција.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе