Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Тепачка во турскиот Парламент – за Сирија

Leonid Andronov/BigStock.com

Тепачка во турскиот Парламент – за Сирија

Пратеници на власта и на опозицијата се степале во Парламентот на Турција, во текот на, како што се пренесува од Анкара, жестоката дебата за надворешната политика на земјата.

Посебна жестина на целата дебата им дала расправијата на двете крајно спротивставени страни, кога станало збор за воената интервенција во соседна Сирија и за турската вмешаност во сириската граѓанска војна.

Во тепачката учествувале повеќемина пратеници на владејачката АК партија на претседателот Реџеп Таип Ердоган и на опозициските партии.

Напнатата атмосфера која биле видлива во текот на целата расправа „експлодирала“ кога почнал да зборува еден од пратениците на опозициската Републиканска народна партија.

Анкара заглавена во Идлиб

Тој не само што ја осудил турската интервенција во Сирија, туку и последната одлука на владата во Анкара да испрати дополнителни илјада војници во со воени судири распалената сириска провинција Идлиб.

Таа се наоѓа покрај самата турска граница и претставува последното упориште на џихадистите во Сирија, каде се војува веќе девет години. Во неа се кријат и разните вооружени групи од некогашната сириска опозиција кои се уште војуваат за да го соборат од власт Башар ал Асад.

И едните и другите ги подржува Турција давајќи им секаква помош, настојувајќи на секој начин да ја одржи контролата во провинцијата и да не дозволи таа одново да биде под контрола на силите на Асад.

Во обидите на Турција да ја запре најновата офанзива на сириската армија во Идлиб, која во тоа силно и со сите средства ја подржуваат Русија и руските воени сили, стационирани на територијата на Сирија, турската страна освен што војува, испрати и дополнителни воени сили.

Но, на теренот ситуацијата битно не се промени, па само во еден месец беа убиени педесетина турски војници. А, тука е присутна и заканата од можното директно судирање на турските и руските воени сили.

„Едни гинат, а други се кријат“

Ваквиот развој на работите, за што опозицијата смета дека е последица на погрешната политика на Ердоган и на неговата влада, предизвика зголемување на нервозата во турската јавност, особено што подолго време немало толку загинати турски војници.

Тоа и го натерало опозицискиот пратеник да ја обвини власта, а посебно претседателот Ердоган дека го крие и го чува своето семејство и најблиските од војската и фронтот.

„Додека Ердоган испраќа наши деца на сирискиот фронт, за да гинат секој ден, неговите роднини и потомци, со години на ред, ниту служат војска“ – рекол овој пратеник.

Таквите зборови предизвикале „експлозија“ во парламентарната сала, па наместо аргументи, пратениците се нафрлиле еден, на друг, со тупаници.

Сведоци велат дека повеќе можеле да настрадаат оние, а меѓу нив и пратеничките од власта и од опозицијата, додека се обидувале да ги разделат воинствените народни избраници.

Опозицијата против интервенцијата

Тепачките во турскиот Парламент не се реткост, но тежината на инцидентот овој пат ја дава темата за која се расправало.

Сирија и турското учество во сириската граѓанска војна, со цел да се собори претседателот на соседната држава, почнува да и пречи на турската политичка јавност, која бара од Ердоган да си ги собере своите војници, назад на турската територија.

Малку е веројатно, меѓутоа, дека тоа би можело да се случи во скоро време. Уште повеќе што тој самиот продолжува да ја распалува атмосферата во сопствената држава, пресметувајќи се опозицијата околу ова прашање.

Турскиот претседател токму неодамна ја има обвинето опозицијата дека е „предавничка„ само затоа што упорно бара преиспитување на военото учество на Турција во сириската провинција Идлиб.

(И.Т.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе