Аџелина Џоли: Се разведов поради децата
Американската актерка Анџелина Џоли која пред четири години се разведе од својот сопруг – холивудската ѕвезда Бред Пит – за едно американско списание има изјавено дека ја раскинала брачната врска, во интерес на нејзините шест деца – од кои три се биолошки нејзини, а другите три се усвоени.
Во делови од интервјуто кои ги пренесуваат светските агенции, таа не дава објаснување каде и поради што настанале проблемите во нивниот брак, за да морало да одлучи да се разведе. Ова е прв пат Џоли да зборува за нејзиниот поранешен брак и за својот развод со Бред Пит.
Во разговорот таа уште и инсистира дека не се кае и не жали за својата одлука, а за децата има речено дека станува збор за „многу храбри и многу силни млади луѓе“.
Многу повеќе во интервјуто Џоли зборува за своите усвоени деца. „Со нив зборувам за љубовта во патувањата за да ги најдам” – вели актерката објаснувајќи дека сите усвоени деца доаѓаат како една преубава мистерија на светот што го запознавате, кога тие се од друга раса и од странска земја.
„Никогаш не смеете да ја загубите врска од каде тие потекнуваат и од каде доаѓаат. Тие имаат корени што вие не ги знаете, а треба да се почитуваат и да се учат. Најважното е дека тие не влегуваат во вашиот свет, туку меѓусебно и заеднички влегувате во светот на едните и на другите“ – има речено Аџелина Џоли во своето интервју, додавајќи – Кога требаше да одлучувам меѓу Бред ( Пит) и децата, ги одбрав децата.
Трите усвоени деца се од Виетнам и од Камбоџа.