Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

Британија трајно се повлекува од „Хуавеи“ 5-Г

Photocritical/BigStock.com

Британија трајно се повлекува од „Хуавеи“ 5-Г

Британската влада после подолгото размислување – конечно пресече- се одлучи земјата трајно да се повлече од „Хуавеи“ 5-Г , иако веќе е навлезена во тој проект.

Провајдерите на мобилната телефонија во Британија веќе имаат добиено забрана да купуваат опрема од кинеската компанија „Хуавеи“ за 5-Г мрежата , после 31 декември оваа година. Исто така, на сите оператори им е наложено до 2027 година , како краен рок,  да се ослободат од сите досега употребени и вградени компоненти од овој производител.

Владата во Лондон ваквото решение го објаснува и го оправдува со заштита на националната безбедност. Но, ваквите мерки доаѓаат по санкциите што ги има воведено Вашингтон, против Кина и посебно против овој тамошен гигант во електронската индустрија, од истите причини од кои забраната ја донесе и британската влада.

Заштита на националната безбедност

Властите во Пекинг ги отфрлаат сите обвинувања за тоа дека опремата што ја произведува „ Хуавеи“ и која се вградува на Западот, претставуваат  закана за било кого. Аргументите на другата страна, меѓутоа, тргнуваат од тоа  дека оваа, како и сите други компании од овој сектор, се создадени и се наоѓаат под капата на кинеската армија.

Санкциите на САД се однесуваат за најновата опрема и за технологијата содржана во 5-Г мрежата на „ Хуавеи“ за широко појасен интернет, но не и за претходните, 2-Г, 3-Г или 4-Г. Кинеските власти, како и да е, се закануваат дека ќе возвратат на ваквата британска одлука, со контра мерки, инсистирајќи дека таа е спротивна и на трговските норми и постигнатите спогодби.

Во Пекинг се верува дека одлуката за повлекувањето на Британците е донесена под силен притисок на Вашингтон. Странски аналитичари, пак, сметаат на неа  треба да се гледа и како на британски одговор на насилството на кинеските власти врз Хонг Конг и на задушувањето на неговиот, инаку договорен, посебен статус, определен  уште од 1997 година и на неговата автономија, според принципот што самиот Пекинг тогаш го промовираше како – два система, една држава.

Се чека кинеската реакција

Британската влада, во исто време, соопшти и дека не би сакала Велика Британија да стане зависна од „ Нокиа“ како единствен испорачувач на опрема.

Во секој случај, медиумите во Лондон откриваат дека во домашната политичка јавност се бара рокот за ослободување од „Хуавеи“ да биде пократок од сегашните седум години и да заврши до 2024 година, но дека на тоа се спротивставуваат мобилните оператори, а пред се, БТ и Водафон. Според нивното објаснување, доколку рокот се скрати, би можело да се случи корисниците на нивните услуги да имаат проблеми со сигналот.

Експерти стравуваат дека раскинот со „Хуавеи“ може да  претставува проблем за  1600 лица колку работат во оваа компанија во Британија. „ Хуавеи“ е ден од најголемите кинески инвеститори во земјата.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Технологија

Горе