Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Простете што повеќе не можам да бидам премиер“

palinchak/BigStock.com

„Простете што повеќе не можам да бидам премиер“

Јапонскиот премиер Шинзо Абе, соопшти дека поднесува оставка, откако осум години беше на функцијата. Останува запаметен како политичар кој најдолго бил во премиерската фотеља, во политичката историја на Јапонија, по Втората светска војна.

Заминувањето на Абе, еден од најуспешните политичари во „Земјата каде изгрева Сонцето“ на изглед претставува изненадување.

Особено што доаѓа во услови на лекување и рехабилитација на домашната економија, по кризата што и таму ја има создадено глобалната пандемија со коронавирусот.

Но, во Јапонија се знаеше од порано дека Абе е со нарушено здравје. Тој  затоа и соопшти дека се повлекува од здравствени причини.

На два пати во болница

Подолго време боледува од воспаление на дебелото црево, што во последно време е засилено, што влијаело и општата здравствена состојба на Абе да  се влоши.

Во изминатите седум денови, пред да ја соопшти оставката, тој на два пати морал да биде примен во болница.

„Не сакам болеста да и пречи на мојата работа, на премиерската функција“ – рекол при поднесувањето на оставката. Сепак, светските медиуми, го истакнаа вториот дел од неговата изјава, во која тој се ИЗВИНУВА за настанатата ситуација.

„Му се извинувам на јапонскиот народ што не успеав да го завршам, до крај, мојот мандат, добиен на изборите“

…рекол исто така Шинзо Абе, покажувајќи го при тоа високото ниво на политичката култура и цивилизираноста во политиката.

Надминат рекордот на Сато

На еден, или на друг начин, иако можеби не со извинување до гласачите, тоа го има во сите вистински демократски држави во Европа и низ светот.

Но, тоа толку малку, ако не воопшто, го нема и не постои на Балканот, во регионот што сега се нарекува Западен Балкан и во Македонија. Посебно, ако се има во предвид актуелната дебата во Парламентот во Скопје (за новата влада), на дел од пратениците на крајно-десничарската, националистичка опозициска партија, која не може да признае дури ни изборен пораз.

Абе на почетокот од неделата што изминува го одбележи својот рекорд како лидер на партијата и како премиер, соборувајќи го на тој начин рекордот што го има постигнато неговиот чичко, Еисаку Сато, од пред 50 години.

На функцијата ќе остане до изборот на нов партиски лидер и премиер. Во Токио се верува дека тоа ќе биде досегашниот заменик премиер и министер за финансии, Таро Асо.

Прагматичен реалист

Јапонските аналитичари сега се занимаваат со она што го има постигнато Абе и со определување на неговата политичка поставеност- како ревизионистички националист, или како прагматичен реалист.

Повеќето од нив се согласуваат дека Шинзо Абе беше и едното и другото, иако критичарите го опишуваат како продолжение на старата, конзервативна генерација јапонски политичари, а неговите поддржувачи го бранат дека беше премиер заслужен за поттикнување на јапонската економија во глобални рамки.

За него, овие кругови велат дека успеал да ја одржи позицијата на Јапонија како трета најразвиена економија во светот. А, за надворешната политика- сите се согласуваат дека остана до крај, силен прагматичар.

На домашен терен, Абе успеа да добие дури шест гласања за доверба во двата дома на јапонскиот Парламент.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе