Макрон: Потреба од глобално определен претседател на САД
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека тој не може да гласа на претседателските избори во САД во почетокот на ноември, но верува дека кој и да победи, ќе биде многу повеќе глобален играч, затоа што светот има потреба од глобално определен претседател.
Неговата изјава и желбата каков треба да биде американскиот претседател, меѓутоа, е сосема различно од она што го зборува и го прави, актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп.
Со неговата популистичка парола – Америка пред се – која директно ја води САД во изолационизам.
Трамп во судир со Европа
Таквата политика од почетокот ги фрустрира американските сојузници во Европа, како и традиционалниот сојузник Франција, па затоа официјален Париз сега од страна и од далеку, внимателно ја следи изборната трка меѓу Трамп и неговиот демократски противкандидат Џо Бајден.
Макрон со несогласување ги има примено излегувањето на САД од договорот за климата и против климатските промени, напуштањето на нуклеарниот договор на Иран со меѓународната „шесторка“.
Франција, како и другите во Европа, жалат и поради судирот што го наметна американскиот претседател околу трошоците за вооружувањето и за одбраната, како и директниот судир со Париз, за даноците (за американските ИТ гиганти). Но, Трамп е во судир со своите европски сојузници и за светските кризни точки.
Медиумите во САД потсетуваат дека на почетокот од мандатот, изгледаше дека Трамп може да биде и близок и пријател со новиот француски претседател, помладиот од него Макрон, но сите тие очекувања се распрснаа, прво околу НАТО, а потоа и за низа други прашања.
„САД му се потребни на светот“
Францускиот претседател, меѓутоа, сега порачува дека светот треба да ги има САД како играч во глобални рамки, во Советот за безбедност на ОН, пред се, но и како партнер, целосно вклучен во сите големи, мултикултурни прашања.
„Имаме потреба од САД во разрешувањето на најкомплексните конфликти и како партнер во колективната безбедност“ – рекол Макрон за американските медиуми.
Тој, сепак, одбил да одговори за тоа дали има намера и самиот да се кандидира за уште еден претседателски мандат во Франција, на изборите, предвидени за 2022 година.
„Тоа прашање сега не е на дневен ред. Сега е најважно да се избориме со пандемијата и последиците што таа ги создава“ – рекол претседателот Емануел Макрон.