Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Русија лансира левичарски лажни вести кон САД

timofeev/BigStock.com

Русија лансира левичарски лажни вести кон САД

Фејсбук соопшти дека оваа социјална мрежа го блокирала и го запрела емитувањето на лажни вести и дезинформации, со изразит левичарски карактер, чија цел била да изгледа дека се промовира и се заговара левичарска идеологија и ултра-левичарење.
Сите вака интонирани лажни вести се испраќани од Русија, а биле наменети, пред се, за САД, но и за Велика Британија.

Ваквите упади со вакви невистинити и измислени вести, доаѓа во време кога Американците се наоѓаат на 60 денови пред своите мошне важни претседателски избори.

На нив, актуелниот десничарски и популистички претседател, настојува по секоја цена да остане на власт уште четири години, покренувајќи во својата кампања силна идеолошка борба со левицата за заплашување на гласачите, обвинувајќи го притоа, умерениот демократски против-кандидат дека промовира „левичарска идеологија“.

Со методите од 2016 година

Потегот на Фејсбук, практично, покажува дека Русија одново и на сличен начин, како и пред четири години, во летото и есента 2016 година, директно се меша во претседателските избори во САД.

Овој пат, станува збор за лажни организации, определени наводно за да им помагаат на луѓето. Сите тие биле создадени во текот на мај годинава и според оваа социјална мрежа успеале да соберат 14 илјади следбеници.

Во истрагата заедно со безбедносниот сектор на Фејбук се вклучил и ФБИ, па е утврдено дека освен кон Америка, ваквите лажливи и измислени информации се насочувале и кон земји какви што се Алжир, или Египет.

Лажната медиумска организација означена како „Peace Data“ дејствувала на таргетирање на левичарските и пролевичарските гласачи во САД, но и таквите во Британија, планирајќи да регрутираат и „фри-ленс новинари“ од овие земји, за правење лажни вести и за нивната лажна работа со фалсификувани, измислени прилози.

Измислици за левичарските гласачи

Вестите што ги создавале се насочени на расните и на меѓурасните и политичките тензии во американското општество во изминатите месеци. Тоа оваа година стана исклучително важна и жешка општествена тема, по убиството на афро-американецот Џорџ Фројд, во американскиот град Минеаполис.

На корисниците, овие производители на лажни вести и „анализи“ имаат произведено бројни левичарски теми. За социјалните неправди, но и за политиката на НАТО и на ЕУ, обвинувајќи го Западот дека извршува воени злосторства и дека тамошните држави се полни со корупција.

Во списокот на прашања што треба да ги мотивираат и да ја покренат левичарската јавност, не е заборавена судбината на основачот на Викиликс. Тој е затворен во еден британски затвор, за бегството од судски наложената локација, додека беше на слобода, под кауција, за да се сокрие во еквадорската дипломатска мисија во Лондон, но меѓу темите се и израелско- палестинските односи, како и пандемијата со коронавирусот.

Кога се прават вести за короната, сите се насочени со критика кон „неспособните“ западни влади, за да се справат со заразата.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе