Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Грција ја засилува својата одбрана против Турција

Foto VDW/BigStock.com

Грција ја засилува својата одбрана против Турција

Грција најави дека одлучила да ја зајакне својата одбрана против Турција и нејзините постојани закани, во време кога речиси секојдневно расте напнатоста меѓу Атина и Анкара околу турските активности во Источниот Медитеран.

Грчката влада најави купување на 18 борбени авиони од типот „Рафал“, потоа да набави четири нови, а темелно да надгради други четири воени бродови-фрегати и по подолго време да го зголеми бројниот состав на припадниците на армијата на Грција, за уште 15 илјади нови војници. Според овој план, грчката страна предвидува и зголемување на залихите од противавионски ракети, како и од торпеда и друго оружје.

„Национален штит“

Во едно телевизиско обраќање, грчкиот премиер Кириос Мицотакис рекол дека е „време Грција да ги засили своите вооружени сили”. Според неговото објаснување, станува збор за програма која треба да „изгради национален штит“ за одбрана на земјата. Грчкиот премиер уште рекол дека изградбата и подигнувањето на „штитот“ ќе овозможи и отворање на повеќе илјади нови работни места.

Грција и Кипар повеќе месеци се во остар спор со Турција околу делови од Источниот Медитеран, на кои овие три држави тврдат дека имаат право. Станува збор за правото за подводно истражување и дупчење на морското дно, во потрага по природен гас.

Грчкиот премиер овој викенд ја обвини Турција дека директно им се заканува на границите на Грција, но и дека со своето однесување претставува закана за регионалната безбедност.

Воени игри

Владата во Анкара, има испратени турски истражувачки бродови во спорните води, кои ги придружуваат воени бродови на турската морнарица. На ваквата постапка на турската страна, реагираше ЕУ со поддршка за нејзините две земји-членки. Во моментот и Грција, а и Турција во овој дел од Медитеранот одржуваат, секоја за себе, воено-поморски вежби.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во својот познат арогантен стил и во добро познатиот популистички манир, се нафрли врз Франција дека се „поигрува со турскиот народ“ и со Турција, како и дека претседателот Емануел Макрон „не ги слушнал предупредувањата“ (на Ердоган) упатени до Париз.

Франција е цврсто на страната на Грција и Кипар во овој спор уште од самиот почеток, кога Ердоган се закануваше дека ќе ја „преплави“ Франција, но и западот на ЕУ, со бегалците на турска територија, кога ќе ја отвори „вратата“ и ќе ги пушти да тргнат на Запад.

„Орук Реиз“ покрај Кипар

Во спорот во Источен Медитеран се вклучени и Египет и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) кои се на на грчко-кипарската страна, додека Турција на своја странаја има привлечена владата на Либија во Триполи, која силно ја подржува во тамошната граѓанска војна.

Владата во Анкара и понатаму го има задржано истражувачкиот брод „Орук Реиз“ во близината на бреговите на Кипар – на северниот дел од поделениот остров, што Турција повеќе од 40 години го смета за посебна држава, која ја користи за своите стратешки потреби во регионот на Источен Медитеран.

„Државата“ Северен Кипар ја нема признаено ниту една земја во светот, освен Турција, па затоа и водите околу неа постојано се спорни и се можност за разни политичко-воени манипулации, кога за тоа ќе се појави потреба.

(А.А.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе