Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Казна за Х&M за шпионирање на вработените

Robson90/BigStock.com

Казна за Х&M за шпионирање на вработените

Шведската компанија за облека и конфекција Х&M во Германија е казнета да плати 35,5 милиони евра, затоа што е утврдено дека ги шпионирала своите вработени.

Во образложението на казната се вели дека компанијата, во своето германско седиште во Нирнберг, недозволиво прибирала приватни информации за вработените.

Тоа биле разни податоци – од сосема безначајни и безопасни детали од приватноста на луѓето, до податоци врзани за нивниот семеен живот и за нивната религиозност и за верските убедувања.

Сите собрани информации биле внесувани во компјутерскиот систем на компанијата, до кој имале пристап 50 директори. Намерата била, на овој начин да се добие „детална слика“ за секој вработен, што потоа било користено при донесувањето решенија – за нивно вработување, унапредувањето, или за отпуштање.

Казната од германските власти е донесена затоа што ваквата пракса на компанијата е оцената како мошне длабоко навлегување во приватноста, како и во граѓанските права на вработените.

Повредата на нивната приватност била откриена сосема случајно – кога во една прилика откажал компјутерскиот систем, па податоците биле провалени и (велат) за кратко, станале видливи и достапни за сите во компанијата.

Управата на шведската Х&M им се извинила на сите вработени за односот на раководството на германската централа. Во извинувањето било речено дека тоа што било направено во Нирнберг, практично, да се шпионираат сопствените луѓе, не е она што било од нив побарано да направат.

Компанијата притоа најави дека ќе бидат казнети сите кои ги прекршиле своите овластувања и дозволиле еден ваков скандал.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе