„Трета среќа“ за Скарлет Јохансон
Холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон (35) се омажи, по трет пат, на една „приватна и интимна церемонија“, со својот нов избраник – комичарот Клин Џост.
Јохансон, која според списанието „Форбс“ во минатата, 2019 година, беше најдобро платена филмска ѕвезда, за улогата во филмот „Црната вдовица“ чија свечена премиера и прикажувањето низ САД и светот, на неколкупати се одлага. објави дека средствата што би требало да бидат потрошени за свадбената забава, ги има приложено за една тамошна хуманитарна организација.
Таа беше официјално свршеница на Џост (38), комичар, актер и сценарист за шоу програмата „Сабота навечер – во живо“, од мај минатата година, откако две години пред тоа беа во врска.
Таа е родена њујорчанка. Претходно беше мажена за канадскиот актер Рајан Рејнолдс, а потоа и за еден познат француски новинар.
На филмот Скарлет Јохансон настапува уште како дете и како тинејџер, па се има појавено во десетина „детски и младешки“ филмови.
Првата голема улога и беше во филмот „Загубени во преводот“ на режисерката Софија Копола, добитник на Оскар во 2003 година.