Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Урсула фон дер Лајен: Барајте толкување на суд

European Parliament from EU, Parliament elects Ursula von der Leyen as first female Commission President (48300922507), CC BY 2.0

Урсула фон дер Лајен: Барајте толкување на суд

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, им порача на двете бунтовнички земји-членки на ЕУ – Унгарија и Полска – да побараат толкување од судот на Унијата во Луксембург за новиот механизам за распределба на средства, наместо што сега го блокираат финансискиот пакет од цели 750 милијарди евра, наменет за санација на економијата на ЕУ, сериозно растресена од глобалната пандемија на коронавирусот.

Станува збор за механизам што го определи Европскиот Парламент, според кој во иднина, користењето на парите од разните европски фондови, ќе биде условувано со владеењето на правото- во секоја членка.

Блокирани и буџетот и помошта

„Ако се сомневате (во легалноста на новите правила ) има само едно место и еден начин каде тоа може да се утврди- одете на Суд и таму проверете ги новите правила. А, не на овој начин (со ставање вето), да предизвикувате штета за милиони Европејци, на кои таа финансиска помош им е итно потребна“ – налутено има реагирано претседателката на Европската комисија за сегашната блокада на целиот пакет, од кој инаку ќе се офајдат и овие две земји.

Ван дер Лајен притоа уште и порачала дека станува збор за прекршување на владеењето на правото, за сметка на Буџетот на ЕУ. Во првата досега, јавно изречена поостра реакција, таа рекла дека е тешко да замисли дека било кој во Европа би можел да е против едно такво правило.

Владите во Будимпешта и во Варшава, на почетокот од минатата недела ставија вето на одлуката за донесување на новиот седумгодишен буџет на ЕУ (2021/2027), како и на пакетот за помош на земјите од Унијата, погодени со епидемијата, која се уште ја тресе Европа. Тие остро се спротивставуваат на новиот механизам што ќе се употребува при распределбата на парите.

Унгарија и Полска против сите

Двете земји веруваат дека тоа е „неправилна мерка“, па едната зборува за потребата од „натамошно трагање“ по компромис, додека другата (Полска) бара одново да се преговара!

Според унгарскиот премиер Виктор Орбан, ваквата мерка на ЕУ (го обвинува само Западот) ја смета за „идеолошка“ и за „казнување“ што во време на мигрантската криза 2015/2016 година и двете земји, а посебно Унгарија, не покажаа никаква солидарност со другите членки, а пред се, со најтешко погодените – Грција и Италија.

Унгарија и Полска, меѓутоа, од порано се во судир со Брисел и со другите во Унијата, откако носејќи повеќе закони и реформи, директно се огрешија од основните правила и прописи на ЕУ.

Станува збор за контроверзната полска реформа на правосудниот систем, која на крајот се претвори во партизација на судството.

Тоа и во Варшава и во Будимпешта го имаат направено и кога станува за државната администрација, но и кога е во прашање слободата на медиумите, која се повеќе и на разни начини се става под контролата на владејачките партии во двете земји – поранешни комунистички држави.

(Б.Б.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе