Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Србите ги сакаат и Косово и Република Српска

stargazer84/BigStock.com

Србите ги сакаат и Косово и Република Српска

Значително мнозинство од граѓаните на Република Србија смета дека српската енклава во БиХ – Република Српска, создадена во 1995 година, со Дејтонскиот мировен договор, треба да се отцепи од матичната држава и да се приклучи на Србија.

Во исто време, не се прифаќа, т.н. размена на територии – за независноста на Косово, српската страна да ја добие Република Српска – покажува истражувањето што го има направено белградскиот Центар за безбедносна политика. Дури 80 отсто не прифаќа една таква “компензација“, доколку таа воопшто би се направила.

Тоа значи дека мнозинството од јавноста во земјата, не дозволува признавање на Косово од страна на Република Србија, иако косовската одделеност е факт – и формално и фактички – повеќе од 15 години, откако комплетната српска власт и безбедносните сили се повлекоа од косовската територија, за да се стави крај на воените судирања. Истата таа јавност, меѓутоа, сака и подржува проширување на српската државна територија кон соседна БиХ – со тамошната српска енклава Република Српска.

Мнозинство за интервенција во Косово

Вкупно 58 отсто од анкетираните се на мислење дека оваа енклава треба биде дел од Србија. Големо мнозинство е на мислење дека таквото „соединување“ не би предизвикало воен судир во регионот.

Од друга страна, истражувањето открива дека 70 отсто од луѓето не веруваат во можноста од избувнување на било каков вооружен судир меѓу српската страна и косовските Албанци, барем не во следните пет години, а 52 отсто подржува воена интервенција на Србија на Косово, доколку би се случил некаков оружен судир.

Други 47 отсто во анкетата, изјавиле дека и лично би подржале една таква акција – односно, дека би се приклучиле на интервенцијата, со оружје во рака!

Анкетата е правено во текот на септември и октомври ова година, со 1200 испитаници од разни професии и возрасти и таа, според признанието на истражувачите од овој белградски центар, го покажува расположените на домашната јавност. Таа ја покажува и политичката атмосфера во државата, која во голем дел е создадена благодарејќи на пишувањата на хушкачката атмосфера која со години, секојдневно, ја поттикнуваат белградските таблоиди.

Опкружена со непријатели!?

Истражувачите дури сметаат дека резултатите дури се и нешто подобри од очекуваните, со оглед на општата политичка клима во државата и сето она што е присутно во домашната јавност, од што се создава мислењето за ситуацијата во регионот, потоа за односите на Србија со своите најблиски соседи, како и за тоа кои се (вистинските) пријатели и подржувачи на земјата, околу нејзиното определување меѓу Истокот и Западот.

Од овој Центар за безбедносна политика, потсетуваат дека во текот на 2016/2017 година, само два провладини таблоиди 265 пати имаат објавено текстови за можноста од избувнување војна.

Тоа се смета за важан елемент кој објаснува како и зошто, во последните две години, е зголемен процентот на оние кои веруваат дека Србија е опкружена со непријатели. Над 50 отсто од анкетираните мислат така и како најголем непријател ја посочуваат Хрватска (30 отсто), потоа Албанија (2о отсто) и САД (13 отсто). Охрабрува, при тоа, што од 2017 година се намалува процентот на оние кои во соседството гледаат само непријатели.

Русија – главен пријател

Кога станува збор за тоа кои се пријателите, 40 отсто изјавиле дека Русија е најголемиот пријател на Србија, а 72 отсто дека руското влијание е позитивно, што е 11 отсто повеќе отколку во 2017 година, кога овој Центар има правено една ваква анкета.

Други 16 отсто верува дека Кина е најголемиот српски пријател. Дури 90 отсто од анкетираните сметаат дека кинеското влијание е позитивно, а 75 отсто се убедени дека Кинезите најмногу и помогнале на нивната земја, во време на првиот бран на пандемијата со коронавирусот, што не е точно, бидејќи главната помош – во пари и во опрема – е дојдена од ЕУ. Истражувачите сето ова го објаснуваат само со силната државна пропаганда и за пишувањето на нејзините медиуми кои целата таа работа ја прикажаа сосема поинаку од вистинската, па подоцна официјален Белград мораше да му се извинува на Брисел – со едноставното изнесување на бројките и фактите.

Како и да е, за луѓето од белградскиот Центар за безбедносна политика, не е изненадување што 51 отсто од луѓето се изјасниле дека не се тоа Србија да стане дел од ЕУ, додека други 46 отсто сакаат европска Србија. Само девет отсто веруваат дека членството на Србија во Унијата е приоритет на домашната надворешна политика.

(Д.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе