Поврзете се со нас

Skopje Global

Трендови + Општество

„Тајм“ прогласи дете на годината

Alena.K/BigStock.com

„Тајм“ прогласи дете на годината

Угледниот американски неделник „Тајм“, за прв пат во својата речиси стогодишна историја, за личност на годината прогласи – едно дете. Неделникот ја избра 15 годишната Готанјали Рао, која и на оваа возраст е научник и изумител. Таа учи, работи и е ангажирана во сојузната држава Колорадо.

Девојчето кое е на насловната страница на најновиот број на „Тајм“, како дете на годината, беше избрано меѓу над пет илјади номинирани кандидати за личност на годината за 2020.

Со оваа престижна титула Рао е наградена за користењето на технологијата за пронаоѓање решение за проблемите, како што се зависноста од опојните дроги и загадувањето на водата за пиење.

Во специјалното интервју за неделникот, Рао има зборувано и за својата менторска работа со други ученици, како и за своите цели, понатаму во животот и кариерата. Како што има речено, таа има цел да се создаде глобална заедница на изумители – пронаоѓачи кои би ги реѓавале светските проблеми.

Зборувајќи за менторската работа, Рао рекла дека учениците со кои работи, едноставно, не знаат од каде да почнат „Треба да им се даде поттик, за да почнат и тогаш се би можело да се измени“ – има речено Рао која во интервјуто рекла дека има 30 илјади ученици на кои таа им е ментор.

Уште од 1927 година, „Тајм“ еднаш годишно избира личност на годината, кој потоа се појавува на насловната страница на овој неделник.

Ова не е прв пат, редакцијата на весникот, некој малолетник да биде прогласен за личност на годината. Минатата година тоа беше шведската активистка за глобална заштита на климата – Грета Тунберг која има 17 година.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Трендови + Општество

Горе