Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

На Марс по седум месеци патување

На Марс по седум месеци патување

После патување долго 470 милиони километри и седум месеци лет низ Вселената, досега најголемиот и најбрз Ровер на НАСА, слета на површината на Марс и според научниците – веќе почнал да испраќа снимки од Црвената планета.

Слетувањето на Роверот се означува како најамбициозниот проект-мисија на НАСА, за откривање докази, за евентуален, живот на Марс.

Целиот проект чини 2,7 милијарди долари, а самото слетување и управувањето (од Земјата) со Роверот чини уште 300 милиони.

Потрага по живот на Марс

Роверот слетал во кратерот Езеро, што научниците го објаснуваат како базен широк 45 километри, на марсовата северна полутопка – локација за која научниците веруваат дека пред 3,5 милијарди години бил лежиштето на која постоела делта на река, која се влевала во езерото и притоа создавала талог.

Роверот сега има задача, прво да ја премине делтата на реката, па потоа да се движи по брегот на некогашното езеро и на крајот да оди по работ на самиот кратер.

„Станува збор за една извонредно возбудлива мисија со која се истражува можноста од постоењето живот на Црвената планета, но и тоа дека евентуалните сознанија за постоењето живот, би можеле да резултираат со враќање на Марс“ – изјавил претставник на НАСА.

Со брзина од 152 метри/на час

На долгиот и (при спуштањето) крајно неизвесниот пат, Роверот тргна пред крајот на јули 2020 година. Тој е до сега, најголемото возило што било испратено од Земјата. Тешко е еден тон, има роботска „рака“ долга два метри, потоа 19 камери, како и два микрофони.

Конечно, овој Ровер е само петтото возило што успешно го има завршено летањето и спуштањето на планетата чија атмосфера има густина од само 1 отсто од онаа на Земјата.

Најголемата брзина на Роверот по марсовата површина ќе изнесува 152 метри на час. Во текот на работата, ќе собере 30 примероци од карпите и од тлото. При тоа, научниците не очекуваат откривање на било какви фосилни материјали, туку само органски молекули.

Хеликоптер над марсовата површина

Тоа треба да и служи на основната цел на оваа мисија, а таа е – дали било кога имало живот на оваа Планета.

Паралелно со ова, но надвор од основната мисија, престојот на Роверот на Марс ќе се искористи за некои други, досега не преземени експерименти, како летањето на некоја друга Планета, далеку од Земјата – и тоа со хеликоптер!

Во секој случај, станува збор за мало летало – не поголемо од половина од големината на една микробранова печка. Ова треба да открие дали може да се лета над површината на Црвената планета.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Технологија

Горе