Поврзете се со нас

Skopje Global

Македонија

Лажниот патриотизам на фалш лидерот

aaftab.sheikh@gmail.com/Depositphotos.com

Лажниот патриотизам на фалш лидерот

За отприлика еден месец во соседна Бугарија се одржуваат редовните парламентарни избори – овој пат во атмосфера на силен национален и националистички набој.

Во една таква атмосфера во која има екстра интерес за случувањата во соседството, особено за гласачите во странство, кои претходно самите, доброволно се декларирале како „Бугари по род и потекло“ – беше објавена и информацијата на софискиот медиум БГНЕС за најблиското семејство на сопругата на лидерот на скопското ВМРО. А, таа покажа за каков, всушност, човек станува збор.

Оженет за „Бугарка“

Го покажа неговиот лажен морал и дволичноста – едно да зборува јавно, а друго зад затворени врати. Го откри (уште еднаш) неговото лажно декларирање како „патриот“ и како наводен „заштитник“ на македонските интереси.

Го соголи неговото фалшиво лидерство, откако на тоа место беше поставен од избеганиот лидер, осуденик за криминал кој продолжува да му ја води партијата сокриен во Будимпешта, послушно спроведувајќи ги истите методи на режимот за постојано создавање кризи и застој во развојот, задржувајќи ја Македонија да биде подалеку од Европа.

А, веста беше направена врз основа на официјалните податоци на бугарската изборна комисија и од избирачките списоци на бугарските ДРЖАВЈАНИ.

Според сознанијата што ги има бугарската страна – лидерот на скопско ВМРО, е оженет за „Бугарка“.

Двете лица на лидерот

Тоа, во основа – не мора да е страшно, ниту пак да е грев, додека станува збор за приватна работа. Но, работите се менуваат од корен, кога како прикриен бугарски зет ќе се појави човек кој продава „патриотизам“ и национализам, остро спротивставувајќи се на договор за соработка и пријателство со Бугарија, што инаку, на времето, го има понудено токму неговата партија, како гест на Скопје за да се помогне бугарскиот пат кон ЕУ.

Кога истиот тој човек ќе го брани Гоце Делчев, а неговиот газда ќе ни го донесе како „херој“ еден Тодор Александров, кој ќе го потисне Гоцета, па низ Скопје ќе никнуваат цркви, споменици, улици, мостови со името на овој македоно – убиец, чија водечка идеја била – припојување на Македонија кон „целокупна Бугарија“.

Работите за сопругата-Бугарка добиваат друга димензија кога сопругот-политичар (наводно) ќе ги брани и партизаните, придружуван од партиските уличари кои ги скрнавеа партизанските гробишта, спомениците и бистите на народните херои од време на партизанската борба низ која е родена денешната држава Македонија.

Сестринска врска

Но, каде е и каква е врската со бугарското потекло на животната партнерка на лидерот. Тоа е преку сестрата на сопругата на лидерот на ВМРО (свеската), која се има декларирано како бугарка по род и потекло.

Според БГНЕС, станува збор за Стевица Јанева, инаку нотар од Струмица, која поседува бугарски пасош, кој за да го добие морала претходно да ДОКАЖЕ дека ИМА БУГАРСКО ПОТЕКЛО, како и свесно самоопределување за своето потекло, кое во секој случај – не може да се однесува само за неа, туку оди и назад до родителите, до нивните родители, што значи дека бугарското потекло (корените) се однесува за целото семејство на оваа струмичанка.

Стевица Јанева се наоѓа на списокот на бугарските граѓани-гласачи за претстојните избори во Бугарија – во изборната единица 47 во градот Петрич, каде таа е пријавена како жител.

Нејзиниот сопруг, Јорданчо Јанев, за кого се знае дека го поседува најголемиот ресторан во Струмица – или по нашински, баџанакот на лидерот на скопско ВМРО – исто така се декларирал дека има бугарско потекло.

Но, за разлика од неговата сопруга, тој е жител на Благоевград (!?) што ќе рече дека таму тој треба да живее, затоа што таму е неговата бугарска адреса. Според избирачкиот список, Јанев треба да гласа во изборната единица 25 во Благоевград, во основното училиште „Димитар Благоев“ .

Демант што не демантира

Суштината на веста на софискиот медиум е дека „лидерот на опозицијата во Македонија, лидер на националистичката ВМРО – е ОЖЕНЕТ ЗА БУГАРКА“, инсистирајќи при тоа дека редакцијата за ваквото тврдење има точни и проверени сознанија добиени од службените бугарски податоци.

На тоа, лидерот од Скопје, во својот патетичен и добро познат манир на божемен „голем патриот“ ги демантира, како неточни тврдењата на бугарскиот весник, инсистирајќи дека неговата сопруга и тој самиот поседуваат само македонски пасоши. И, при тоа на Фејсбук ќе напише дека информациите се лажни и неточни.

Во својот познат кавгаџиски стил што го употребува на домашната сцена, лидерот на скопското ВМРО ќе демантира нешто што кај бугарскиот медиум го нема, а потоа патетично ќе напише дека „ќе продолжи да ги штити македонските национални интереси“.

Во кусата реакција тој уште ќе се обиде да го прикаже актуелниот премиер на Македонија, дека е поврзан со текстот на БГНЕС (!) забележувајќи дека „колку повеќе лажат (мисли на Бугарите) толку повеќе ќе удриме (мисли на неговите партиски јуришници) по мафијата.

Нема да му помогнат ни браќата, ни пријателите (мисли пак на Бугарите) на Заев кои гледаат дека владата (во Скопје) е сериозно разнишана“.

Менување на идентитетот

За човек кој претендира дека е универзитетски професор, а сака да стане и премиер, делува распаметен.

Вовлекува странска земја во неговите политикански игри и уште покажува дека не знае за што, всушност, станува збор и што е суштината на бугарскиот текст.

Не е во пасошот, туку во промената на идентитетот, на националната припадност – за да се добие бугарска патна исправа, затоа што само така Македонец може да добие бугарски пасош – да се декларира дека има бугарски корени и бугарско потекло.

Кога некој од едно семејство ќе се декларира дека не е Македонец, туку дека е Бугарин, тогаш и неговата сестра, или брат – се Бугари.

Не може, од едни исти родители, едниот да има една националност, а другиот да биде од друга.

Можат да имаат различни пасоши, но останува тоа дека имаат ИСТО ПОТЕКЛО – во случајот тоа е бугарското. Тоа значи, дека ако госпоѓата Стевица Јанева е етничка Бугарка (а, таа се декларирала за таква и дури донела документи за да докаже) тоа значи дека потекнува од родители „Бугари“, од дедо и баба „Бугари“.

Во тој случај, и нејзината сестра МОРА да е Бугарка по род. Без разлика каков пасош поседува – македонски, или од било која друга држава.

Личен избор

Затоа, покрај другите лажливи работи што постојано ги прави на македонската политичка сцена, во овој случај и неговиот демант е лажен.

Тоа му го порачуваат и од БГНЕС, па одлучиле да го покажат тоа, повторувајќи го во целост нивниот текст – за неговата сопруга, за нејзината сестра (неговата свеска) – за да му покажат на македонскиот опозиционер дека не разбира што зборува и за што се обидува да полемизира.

Особено што не демантира дека сестрата на неговата жена е декларирана како Бугарка, па затоа може да има пасош на Република Бугарија, за што, тој како зет во семејството – секако добро знае.

На тој начин доаѓа до израз неморалот и на вмровците и на сите кои имаат побарано и добиено пасош на оваа соседна земја.

Од една страна, тоа би можело да се прифати како личен избор и како нечие определување – национално да се чувствува поразлично од другите.

Конечно, тоа е човеково право кое би требало да почне да го прифаќа и Бугарија, за сите кои на нејзината територија не се чувствуваат како етнички Бугари.

Без продавање патриотизам

Но, кога станува збор за македонските државјани кои за да земат бугарски пасош, имаат донесено документи (?) дека нивните предци биле Бугари и дека тие како нивни потомци, исто така, се Бугари, тие немаат право на другите во Македонија да им продаваат патриотизам.

Тие, единствено, не може да обвинуваат за предавство, да го попречуваат европскиот пат на државата, да ни кажуваат што е наше во историјата, а што не е, кога веќе прифатиле дека се е бугарска историја, или уште помалку да зборуваат дека не треба да има договор со Бугарија.

Цинично е од овие луѓе да ни се посочува да внимаваме на „црвената линија“ за македонските национални интереси, а уште помалку да зборуваат за актуелната влада како за наводно „предавничка“, иако таа е ПРВА ДОСЕГА која вистински настојува да ги среди историските „опашки“ и да ја смести Македонија таму каде припаѓа – во Европа.

Тие и такви „патриоти“, како нео-Бугари, нека водат сметка за тоа – за кого ќе гласаат на 4 април – за ГЕРБ (партија на Борисов и на воинствената Е. Захариева), за социјалистите, кои се на линијата дека „Македонци нема никаде“ или за лидерот на софиското ВМРО, Каракачанов.

(С.С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Македонија

Горе