Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

„Квантас“ нуди „мистериозни летови“

RyanFletcher/Depositphotos.com

„Квантас“ нуди „мистериозни летови“

Австралиската авионска компанија „Квантас“ соопшти дека нуди „мистериозни летови“, со намера да се поттикне домашниот туризам, откако оваа голема држава – континент е цела година „заклучена“ за гости од странство, поради пандемијата, но и за да ја покрене носталгијата по некогашните времиња.

Станува збор за дневни патувања на кои патниците летаат во непознат правец.

Едноставно, не знаат каде ќе ги однесе авионот со кој патуваат. Во „Квантас“ велат дека еднаш, порано, во деведесеттите години на 20 век, ваквите патувања „во непознато“ биле мошне популарни.

Без определена дестинација

Австралиската компанија е една од првите во азиско-пацифичкиот регион, па и во светот, која на потенцијалните патници им нуди „летови за никаде“.

Тоа се патувања без определена дестинација, во која авионот полетува и се враќа на аеродромот од каде тргнал. Претходно авионот ќе ги одведе патниците до некое од најпознатите австралиски знаменитости и природни и туристички атракции.

Според соопштението на компанијата, за ваквите летови ќе се користат три авиони „Боинг“ кои (во оваа понуда) ќе полетуваат (и ќе се враќаат) на аеродромите во Бризбејн, во Мелбурн и Сиднеј.

Компанијата ќе нуди летови само во економската класа, а цената на ваквиот лет, со услугата во текот на летот, ќе изнесува по околу 560 американски долари.

Очигледно е дека „Квантас“ бара начин да ја поправи својата тешка економска ситуација, барем за малку, предизвикана од пандемијата која повеќе од една година ја има целосно приземнето компанијата, инаку една од најголемите во светот.

Државни интервенции

Другите авионски компании во регионот, исто така, бараат начин како да го покренат бизнисот и над се туризмот, што е директно врзан за авионскиот сообраќај. Досега, најчесто како мерка за спас од финансискиот крах беа интервенциите на државите, или со отпуштање на работници.

Моќната тајландска авио-компанија „Таи Ервејз“, на пример, има веќе отпуштено од работа над 50 отсто до своите вработени.

Авионските превозници се соочуваат со голем пад во бројот на превезените патници, надевајќи се дека започнатиот процес на вакцинирање низ светот ќе може да го запре ширењето на пандемијата и да го заживее авионскиот транспорт – односно – дека луѓето ќе може да патуваат, а тоа да ја покрене и туристичката индустрија.

Во јануари оваа година, на пример, се регистрирани само 4 отсто патници од бројот на превезените патници во истиот месец во 2020 година. Минатата година во јануари – сите компании од азиско-пацифичкиот регион – имаат превезено 33,5 милиони патници.

(Г.И.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе