Поврзете се со нас

Skopje Global

Трендови + Општество

Шпанија озакони евтаназија

photographee.eu/Depositphotos.com

Шпанија озакони евтаназија

Шпанскиот Парламент со големо мнозинство гласови го прифати законот со кој во Шпанија се дозволува евтаназија, односно, пациентите со неизлечива болест – доброволно – да ја изберат смрта, за да се ослободат од маките што им ги носи болеста.

Законот беше еден од приоритетите на социјалистичката влада на премиерот Педро Санчез и стапува во сила од јуни оваа година.

Според министерот за здравство, со овој закон Шпанија се определува кон изградбата на „похумано и поправедно општество“, а тоа е важно луѓето кои мораат да издржат големи маки како последица на тешката и неизлечива болест.

Строги прописи

Пред Шпанија, евтаназијата беше дозволена во Холандија, во Белгија и Луксембург. За ваков закон гласаше и Парламентот на Португалија, но постапката беше прекината, откако интервенираше Уставниот суд кој од владата, како предлагач, побара измена и доработна на текстот на законот.

Според усвоениот шпански закон – евтаназија е дозволена на два начина – со помош и поддршка на лекар или негувател, или пак, болниот самиот ја земе дозата за успивање и си го одзема животот. Практично – извршува самоубиство со медицинска потпора.

Секој неизлечиво болен треба самиот да побара согласност за евтаназија – во писмена форма – откако ќе се утврди дека тој е навистина неизлечиво болен и дека издржува тешки болки, односно дека страда како последица на болеста.

Но, лицето кое бара евтаназија мора да е свесно при поднесувањето на таквото барање и како што пропишува законот – да биде способно да поднесе барање.

Согласност од лекарска комисија

Лекар потоа мора да утврди дали се исполнети законските обврски. Неговата оценка треба да ја потврди уште еден лекар, а потоа лекарска комисија да даде согласност. Против законот во Шпанија беше локалната десница како и шпанската католичка црква.

Пред да почне озаконувањето на евтаназијата во некои држави, во Европа, во Цирих беше создадена специјална установа за вакви работи, врз основата на одобрување на кантонот Цирих кој единствен во Швајцарија дозволува евтаназија.

Оваа установа која ја раководат медицински лица се нарекува „Дигнити“ и таму (за пари) доаѓаат неизлечиво болни пациенти кои во придружба на најблизок роднина се согласуваат на евтаназија што се извршува со висока доза, обично – на барбитурити. Нејзината работа беше ставена под сомневање кога се појавија обвинувања дека евтаназија се вршела и на лица кои не требало да добијат одобрување за таква постапка.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Трендови + Општество

Горе