Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Пакистанскиот премиер се заразил – вакциниран

aleemzahidkhan.yahoo.com/Depositphotos.com

Пакистанскиот премиер се заразил – вакциниран

Пакистанскиот премиер Имран Кан е заразен со коронавирусот, откако два дена пред тоа се вакцинирал. Во четвртокот, тој се вакцинирал со кинеската вакцина која Пакистан ја има купено за имунизација на населението.

Кан се пожалил дека не се чувствува добро, па веднаш бил тестиран, а тестот покажал дека е позитивен на вирусот. Министерот за здравство потврдил дека премиерот на Пакистан е заразен и веднаш ставен во изолација, но тој не дал никакви други детали, дали сите другите кои се среќавале со Кан, исто така, сега се ставени во карантин.

Кан без маска

Нема засега информации како се случило – иако вакциниран, Кан, за прв пат, да се зарази со короната. Од неговиот кабинет само е соопштено дека премиерот, во изминатите денови имал бројни состаноци, а присуствувал и на една безбедносна конференција во Исламабад.

Медиумите, меѓутоа, јавуваат дека тој секојдневно имал разни средби, посебно биле бројни оние на споменатата конференција во пакистанскиот главен град и секаде и во секоја прилика – бил без заштитна маска на лицето. Без никаква заштита присуствувал и на отворањето на една населба со станови за сиромашни лица.

Според официјалните податоци, во Пакистан за 24 часови се регистрирани над четири илјади новозаразени, што се вели дека е најмногу уште од минатото лето, а дека 42 лица службено се водат како починати од корона. Досега во земјата се починати над 14 илјади Пакистанци.

Вакцината не е доволна

Случајот со Имран Кан, здравствените експерти, надвор од оваа земја го објаснуваат како уште еден показател дека вакцината (која и да е) како и самата вакцинација не се доволни епидемијата да се стави под контрола .

Според вирусолози од Универзитетот Џорџтаун во САД, клучно за запирање на ширењето на САРС – Ков 2 е да се запре асимптоматичното ширење на вирусот, односно, пренесување на епидемијата без манифестирање на симптомите.

Овие експерти се убедени дека вирусот се одржува само поради асимптоматичните случаи, а тие се во голем број, па вирусот незабележливо се шири. А, додека тоа не се запре не треба да се гледа крајот на пандемијата и покрај вакцинацијата. Асимптоматичните случаи, меѓутоа, тешко може да се утврдат, затоа што експертите, засега, многу малку знаат за нив.

Асимптоматичните главен проблем

„Вакцините се одлични за заштита на луѓето од болеста, но НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ДЕЛУВААТ НА ЗАШТИТА ОД ПРЕНЕСУВАЊЕ на вирусот“ – проценуваат овие двајца американски експерти.

Тие инсистираат дека светот не може да се потпира само на вакцинацијата, за да ја контролира пандемијата. Според нив – „Онака како што вакцините не нудат 100 отсто заштита, тие не нудат ниту заштита од пренесување на вирусот“.

Конечно, директорот на секторот за имунизација при англиското Јавно здравје за борба со епидемии, епидемиологот Мери Рамзи изјави за Би- Би-Си дека маските за лице и социјалното дистанцирање ќе мора да се практикува и во СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ.

Маски и дистанцирање – и понатаму

Тоа е порака што таа ја дава за Британците и ја објаснува со тоа дека не може да има заштита (во самата Британија) доколку во другите земји успешно не се заврши со вакцинирање на луѓето, но таа порака може да се однесува за секоја земја – затоа што светот е соочен со глобална пандемија.

Владата во Лондон која продолжува со својата политизирана кампања за забрзана вакцинација – за да се фатат претстојните празници, а посебно, летните одмори – сепак, не ја отфрла можноста од продолжување на забраната за летување во странство.

„Сега тоа би било преурането и би претставувало потенцијален ризик, да се резервираат патувања и одмори во странство“ – има изјавено британскиот министер за одбрана Бен Валас. Овој министер смета дека таквата резерва останува – без разлика на вакцинацијата на милиони Британци со првата доза.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе