Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Прв пат хеликоптерски лет на Марс

NASA TV

Прв пат хеликоптерски лет на Марс

За прв пат во историјата успешно е изведен лет на хеликоптер на Марс – соопшти американската агенција за вселенски летови НАСА.

Малиот хеликоптер „Инџенуити“ во понеделникот рано изутрина, успешно полетал и по кусиот лет, одново слетал на површината на „Црвената планета“, што е прв лет на едно летало над површината на друга планета во историјата на вселенските полети и истражувања.

Хеликоптерот на Марс беше префрлен со помош на роверот „Персеверанс“ што на оваа планета слета на 18 февруари во големиот кратер „Езеро“, откако претходно патуваше седум месеци.

Во НАСА оценуваат дека оваа успешна проба би можела да значи почеток за изведувања нов начин на истражувања на Марс, но и на други дестинации во сончевиот систем, како на Венера и на Титан, најголемиот месец на Сатурн.

Успешниот лет на малото летало, во лабораторијата на НАСА во близината на Лос Анџелес со аплауз и со вистински овации го имаат поздравено историскиот момент – откако од Марс ги примиле сознанијата дека леталото тешко само 1,8 кг. летало над површината на оваа планета 40 секунди, како што тоа било планирано, три часа пред изведувањето на експериментот.

Хеликоптерот летал на висина до три метри. На едно место останал 30 секунди, а потоа одново се спуштил на марсовата површина.

Роверот што го пренесе и хеликоптерот на Марс се смета за досега најнапредното вселенско возило што е испратено во вселената. На Марс роверот „Персеверанс“ треба да трага по докази за дамнешен микробиолошки живот на таа планета.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе