Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Индија: телата на умрените ги фрлаат во Ганг

thalabhula/Depositphotos.com

Индија: телата на умрените ги фрлаат во Ганг

Индиската полиција побара од населението во северните делови на Индија да престанат да ги фрлаат телата на починатите од Ковид-19 во реката Ганг.

Веќе извесно време, од експлозијата на пандемијата од коронавирусот во втората најнаселена земја во светот – за која се вели дека има катаклизмични размери – мртви тела пловат по реката. На социјалните мрежи се тврди дека луѓето ги фрлаат во водата, за да таа ги однесе подалеку од населените места, затоа што луѓето на тој начин сакаат да заштедат пари за кремација.

Во реката, намеси на кремација

Претставник на локалната влада Утар Прадеш тврди дека бројката од над илјада мртви тела извлечени од реката, во изминатите две недели, била претерана, но сепак, вети дека ќе му понуди на населението помош околу погребите на умрените.

Во петокот, на брегот на реката Параграја биле пронајдени мртви тела, завиткани во чаршафи и закопани во песокот, покрај водата.

Претставник на сојузната влада во Њу Делхи објаснил дека локалното население не ги кремира починатите, не затоа што сакаат да заштедат пари, туку затоа што е традиција – во текот на хиндуистичките празници, нема погреби, па затоа луѓето ги погребувале покрај реката.

Но, полицијата во овој дел од Индија, сепак, забрани погребување на слободни површини до брегот на реката Параграја и одреди места каде би можело да се палат мртвите тела.

Ситуацијата останува катастрофална

Бројот на жртвите од пандемијата е мошне висок, а во внатрешноста од земјата, посебно во руралните делови, велат, не се ни знае точниот број на умрените, па затоа и таму се има појавено – фрлање на мртвите во реките кои потоа се вливаат во Ганг. Тие така пловат од една сојузна држава во друга, па минатата недела, полицијата има собрано над 70 мртви тела во оваа река, кои водата ги однела во државата Бихар, од соседната Утар Прадеш.

Властите тврдат дека врз нив тешко може да се прави обдукција, затоа што биле во поодмината фаза на распаѓање.

Овие две сојузни држави, заедно имаат околу 360 милиони жители и важат за најтешко погодени од сегашниот бран на пандемијата во Индија, што и понатаму продолжува да создава хорор ситуација. Бројот на новозаразени и на починати постојано расте, а сите крематориуми иако работат по 24 часови, не можат да ги задоволат сите потреби.

Вистинските бројки се повисоки

Во последните 24 часови во Индија, од она што е регистрирано, има 370 илјади нови заразени лица, достигнувајќи вкупна бројка од 25 милиони. Само во еден ден – официјално како починати се регистрирани нови 4100 лица, или вкупно, досега – над 270 илјади.

Но, здравствените и санитарните власти проценуваат дека вистинските бројки се многу повисоки.

Лекарите во Индија предупредуваат дека фрлањето лешеви во реките, посебно во Ганг, која важи и за света река, сега предизвикуваат кожна зараза и разни инфекции, најверојатно што религиозните луѓе, а тие се големо мнозинство, продолжуваат да извршуваат ритуално капење во водите на светата река.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе