Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Прв случај зараза со нов сој птичји грип

ChinaImages/Depositphotos.com

Прв случај зараза со нов сој птичји грип

 

Кинеските здравствени власти ја известија Светската здравствена организација (СЗО) и меѓународната јавност дека во Кина е регистриран прв случај – човек да биде заразен со новиот сој птичји грип – познат како Х10Н3.

Станува збор за еден 41 годишен маж од источната кинеска провинција Џијангсу. Човекот е жител на градот Женјанг и тој на 28 април бил итно префрлен во болница, откако имал силна треска, проследена со низа други симптоми поради кои бил задржен на лекување.

Нема други заразени

Еден месец подоцна, според соопштението на кинеската Државна здравствена комисија, кај него било дијагностицирано дека човекот од кра покажале дека тој е заразен со новиот сој на вирусот, познат како птичји грип, но не се даваат никакви детали каде и како овој пациент се инфицирал.

Неговата здравствена состојба се означува како „стабилна“ и според лекарите тој треба наскоро да биде пуштен од болницата. Кинеските власти тврдат дека освен кај овој човек (засега) немаат сознанија дека заразата со овој вирус се раширила и дека и други лица се инфицирани со Х10Н3.

За него се вели дека е ниско патоген, или дека е релативно помалку тежок и опасен вид вирус што се наоѓа кај живината, како и дека ризикот од негово раширување – во широки размери – е мошне мал.

Регионалните експерти во реонот на Азија и на земјите од Пацификот тврдат дека овој сој на вирусот има малку заедничко со другите вируси.

Постојано присутен во Кина

Само во 160 случаи овој вирус бил откриен и изолиран, во период од 40 години, сметајќи до 2018 година, главно кај дивите птици и кај некои водни птици во Азија и во некои изолирани делови од Северна Америка, но колку што се знае, ниту во еден случај не се забележани кај кокошките со кои се хранат луѓето.

Се смета дека сега е потребно да се направи генетска анализа на вирусот за да се утврди дали тој е сличен со старите вируси (птичји грип), или пак станува збор за сосема нов сој.

Разни и различни варијанти на птичји грип се присутни на територијата на Кина, па повремено доаѓа до вакви случаи на инфицираност на луѓето, пред се, на оние кои постојано работат со живина. Колку што се знае, нема случаи – луѓе да бидат заразени со птичји грип – откако вирусот Х7Н9 предизвика смрт на над 300 лица во периодот меѓу 2016 и 2017 година.

Се до овој случај за кој јавуваат кинеските власти. Претходно нема друг случај на заразување кај луѓе со овој сој Х10Н3 – како во Кина, така и насекаде во светот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе