Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Фаучи знаел за кинеските истражувања во Вухан

"President Trump at the American Red Cros" (Public Domain) by The Trump White House Archived

Фаучи знаел за кинеските истражувања во Вухан

 

Околу 3200 мејлови на др. Ентони Фаучи што тој ги има разменувано со американски и странски епидемиолози, пред и во текот на пандемијата со коронавирусот, се појавија во САД, предизвикувајќи бројни контроверзи и спротивставени реакции, затоа што според неговата електронска пошта, излегува дека овој врвен епидемиолог, уште од февруари 2020 година знаел за експериментите и за истражувањето на кинеските научници од институтот во Вухан.

Од мејловите може да се види дека во нив Фаучи зборува за „необичностите“ на короната, јасно претпоставувајќи дека вирусот „по се изгледа е произведен“, односно дека нема природно, туку само вештачко, лабораториско потекло.

Спротивставени изјави

Не е тој првиот, ниту единствениот научник во светот кој се сомневаше во потеклото на короната, но за американските медиуми е недопустливо тоа што тој едно има зборувано (со колегите) во својата кореспонденција, а сосема друго за јавноста во САД, за која постојано има повторувано дека вирусот има природно потекло.

Ваквите сознанија доаѓаат откако американскиот интернет весник „Базфид Њуз“ ги објави неговите приватни мејлови, повикувајќи се на законот за слободен пристап до информациите.

Станува збор за мејлови кои Фаучи ги испраќал и ги примал во периодот меѓу јануари и јуни 2020 година, кога тој забрзано почнал да ја менува позицијата околу тоа дека коронавирусот може да биде и вештачки создадена – односно дека би можело да се случи дека е произведена од човекот, во лабораторија.

Сознанија на научниците

Интернет весникот го посочува мејлот што др. Фаучи, инаку директор американскиот Национален институт за алергии и за инфективни болести, го има примено од својот колега, научник Кристијан Андерсон во кој може да се открие дека обајцата гледаат оти некои состојби и работи врзани за вирусот укажуваат дека тој е произведен, а не е природен.

Во посочен мејл од февруари минатата година, што Американецот го има примено од Андерсон и уште тројца други колеги, се разбира дека тие имаат откриено траги кои се сосема несоодветни на очекувањата кои произлегуваат од теоријата за еволуирање.

Сега се тврди дека Фаучи уште во 2015 година, со својот прв заменик во институтот, разменувал електронска пошта во која ги опишувал придобивките од експериментите за начинот на кој функционира вирусот – за да се направи посмртоносен и многу полесно пренослив.

На тоа од колегата има добиено одговор дека би требало сето тоа детално да се разгледа доколку има некаква далечна врска со експерименти кои се извршуваат во странство.

Трамп против Фаучи

Критичарите на др. Фаучи оценуваат дека мејловите, потенцијално, можат сериозно да и наштетат на неговата репутација.

Затоа што тој како човек и како научник имаше силна доверба во американската јавност, во време на контроверзиите што ги создаваше претходната американска администрација и самиот претседател Доналд Трамп околу вирусот и самата пандемија.

Посебно, откако несогласувајќи се со почитуваниот епидемиолог, го отпушти од советничкиот тим создаден за епидемијата во рамките на Белата куќа.

Особено што првото читање на објавените мејлови остава впечаток како Фаучи да ја измамувал јавноста – за она што навистина го знаел за вирусот, за неговото можно потекло, како и за ширењето на короната.

Различни совети за маските

Во една истрага во американскиот Конгрес, спроведена минатиот месец тој потврди дека неговиот Институт финансирал истражувања со лилјаци – носители на короната – ококлу тоа дали тие може да го пренесат вирусот на луѓето, што инаку го има правено Институтот во кинескиот град Вухан – епицентар на пандемијата – но, притоа демантирал дека имало било какво сознание за тоа како вирусот се создава и се пренесува.

Закана од дисквалификација на неговата стручност и посебно на неговата моралност во домашната јавност, може да предизвика и неговото постојано менување на мислењето околу носењето маски на лицето.

Еднаш има зборувано дека маски треба да носат заразените, за да не ги инфицираат здравите лица. Друг пат, заговарал маски да носат сите незаразени, за да не се инфицираат.

Откритијата на „Базфид Њуз“ сега им служат на трамповци во таборот на републиканците за пресметка со епидемиологот, затоа што тие го обвинуваат др. Ентони Фаучи за еден од главните виновници што Трамп се уште не е претседател на САД.

Понатаму
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе