Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Кина: Ново корона жариште во Гуангџу (Кантон)

liliportfolio/Depositphotos.com

Кина: Ново корона жариште во Гуангџу (Кантон)

 

Кинеските власти соопштија дека во 15 милионскиот град Гуангџу (Кантон) на југот од Кина е регистрирано ново жариште на коронавирусот, што предизвика вознемиреност во јавноста поради можноста од евентуално враќање на Ковид и покрај масовното вакцинирање на населението.

Локалните власти тврдат дека бројот на новозаразените е мошне мал – дваесетина лица. Но, се јавува дека нови случаи има и во соседниот град Фошон, во истата провинција во која е и многу поголемиот Гуангџу.

Тоа ги натера здравствените власти за итно воведување на познатите епидемиолошки мерки што ги имаат користено и порано – блокирање на патувањата и карантин, што засега, се однесува само за делови од милионскиот Кантон.

Затворени градски квартови

Локалниот аеродром, еден од најфреквентните во Кина, кој лани има примено и испратено 44 милиони патници, во првиот ден по откривањето на новозаразените има откажано над 500 летови, што претставува 40 отсто од неговата дневна фреквенција.

Во исто време, патниците на железничките и на автобуските станици – доколку сакаат да патуваат – мораа да покажат потврда дека се негативни на Ковид-19, што не може да биде постара од 72 часа (три дена). Оваа обврска не се однесува за оние кои само транзитираат низ Гуангџу.

Градските власти, заедно со епидемиолозите, одлучија да затворат во карантин неколку градски квартови. На жителите им било наредено да останат во своите домови и да ги запрат сите свои дневни активности, доколку не се неопходни.

Вознемиреност на властите

Сите јавни служби во тие делови од градот се затворени, а не работат кината и театрите, рестораните и центрите за забава. Детските градинки исто така се затворени, а училиштата веднаш преминале на он-лајн настава.

На луѓето во населбите во околината на Гуангџу им е речено да бидат внимателни и сите свои активности да ги извршуваат само на отворено.

Здравствени експерти изјавиле дека појавата на новозаразени во овој дел од јужна Кина треба да се поврзе со ситуацијата во Индија и со тамошното масовно раширување на пандемијата, како и со појавата на специфичен сој – т.н. индиски вирус.

Иако станува збор за мал број случаи, во еден голем град, појавата на новозаразени ги исплаши кинеските власти кои веруваат дека ја имаат ставено под контрола епидемијата.

Индиски сој внесен од странство

Стравот доаѓа и затоа што се смета дека сите се заразени со индискиот сој на коронавирусот. Има пријавени новозаразени и во други делови од Кина и за сите се вели дека се лица кои допатувале од странство.

За ситуацијата во Кантон се “обвинува“ еден 75 годишник кај кого е утврден индискиот сој, а сите други заразени биле во контакт со него, или со лица кои биле во врска со првозаразениот.

Здравствените власти имаат наредено да се спроведе итно тестирање на луѓето во овие делови од градот.

Според официјалните податоци, во Кина досега се вакцинирани – главно со една доза – околу 680 милиони лица.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе