Нов Зеланд во локдаун- за еден новозаразен
Владата на Нов Зеланд прогласи локдаун во земјата за само еден новорегистрина случај на короновирусот, предизвикувајќи збунетост во светот , но не и гнев и незадоволство во домашната јавност.
Изненадување има кај здравствените експерти, затоа што оваа далечна островска држава, досега беше во речиси целосна изолација- не примајќи никого од надвор, освен Австралијанци, а и тие станаа ретки посетители, откако таму избувна пандемијата со Ковид, посебно во Нов Јужен Велс ( Сиднеј) , во сојузната држава Квинсленд ( Бризбејн), како и во реонот на главниот град Канбера.
Изненадувањето е затоа што станува збор за прв случај на корона во земјата, од февруари оваа година.
Маски и миење на рацете
Сите изминати месеци Нов Зеланд успеваше да се одбрани од пандемијата, како и од нападот на новиот мутиран Делта-вирус (индискиот сој) кој многу полесно и многу побрзо се пренесува, а потоа и се раширува.
Новозаразениот е регистриран во најголемиот град Окланд и засега не се знае како се случило инфицирањето. Дали станува збор за дојденец од странство, или пак од некој кој не ги почитувал , инаку, строгите правила за карантин и за изолација во која бил ставен како превентивна мерка.
Изминатите недели, властите во Нов Зеланд имаат задржано на границите ( на аеродромите и пристаништата) повеќе лица кои биле во контакт, или биле блиску до некој позитивен на тестот за коронавирусот, или веќе инфициран, но сите се префрлени во посебни центри за изолација и за нив се знае дека сите се таму.
Во Нов Зеланд и досега на сила беше препораката за носење заштитна маска и за редовно миење на рацете. Секој кој користи јавен превоз, како и сите оние кои не можат да одржуваат социјално дистанцирање – во јавни простории- и пред овој локдаун, мораа да носат маска на лицето.
Во обраќање преку телевизија до јавноста, премиерката Јасинда Арден прогласи локдаун. Тоа е сосема спротивно од светот- Европа и Америка, пред се, каде вирусот се врати ова лето, но никаде (засега) не се покренува локдаун, иако безмалку 90 отсто од сите новозаразени случаи се од Делта вирусот.
Окланд под клуч седум денa
Локдаунот на територијата на целата земја ќе трае три денови, додека во Окланд каде е регистриран првиот новозаразен после шест месеци, лакдаунот ќе трае една недела. И двете мерки за ограничувања стапија во сила во понеделникот, доцна вечерта.
„Видовме (од искуството на другите) што може да се случи доколку ситуацијата не се стави под контрола. А, за тоа, имаме само една прилика“- изјави премиерот Арден во своето тв обраќање.
Нов Зеланд, одалечена островска земја, на четири часови авионски лет од австралискиот брег, до сега успешно се бори со пандемијата. Регистрирани се само 26 смртни случаи.
На владината одлука за нов локдаун, никој во тамошната јавност не се има спротивставено. Немаше никакви протести на опозицијата, ниту пак барања за оставки.
(Г.И.)