Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Двојно повеќе луѓе во светот заболени од хипертензија

foremniakowski/Depositphotos.com

Двојно повеќе луѓе во светот заболени од хипертензија

Над 1,2 милијарди луѓе во светот живеат заболени од хипертензија (зголемен крвен притисок), што е двојно повеќе отколку пред 30 години, тврди британското медицинско списание „Лансет“.

Анализата што експерти ја имаат направено за весникот покажува дека повеќе од 8,5 милиони луѓе, секоја година, умираат од болести, или како последица на хипертензијата – пред се, од мозочен удар, од болести на срцето и на другите васкуларни органи, како од бубрежни заболувања.

Затоа се смета дека намалувањето на крвниот притисок и неговото одржување на нормално ниво, или сосема блиску до нормалното, би можело да го намали бројот на случаи со срцев удар за 25 отсто и би ги преполовил болестите поврзани со срцевата инсуфициенција и од мозочен удар.

Болест што лесно се открива

Здравствените експерти се убедени дека оваа болест многу едноставно може да се утврди, дека тоа може да го направи секој човек, користејќи домашен апарат за мерење на крвниот притисок, како и дека релативно лесно се лекува, со помош на евтини лекови, па на тој начин може лесно да се одржува под контрола и да се спречи настанување на сериозни здравствени проблеми.

Но, наместо тоа, истражувањето открива дека хипертензијата не само што не е намалена, туку постојано се зголемува во изминатите три децении. Во светот, крвниот притисок е констатиран кај една од четири жени и кај еден од петмина мажи.

Згора на тоа, утврдено е дека над половина од луѓето кај кои во 2019 година била откриена хипертензија, не биле ниту свесни дека имаат зголемен крвен притисок, па не примале никаква терапија.

Највисока стапка во Средна и Источна Европа

Според ова истражување, во Европа, највисока стапка на заболени од хипертензија е регистрирана во централните и во источните земји од континентот. Пред се, во Унгарија, Полска и во Хрватска, како и во Латвија, Белорусија и во Романија. Во овие земји, повеќе од половината од жените има зголемен крвен притисок.

Од друга страна, во земјите од Западот на Европа, како што се Швајцарија, Британија, или Шпанија, процентот на заболените од оваа болест е на најниско ниво. Во овие земји и хипертензијата кај жените изнесува помалку од 24 отсто.

Глобално, една петина или над 20 отсто од светската популација има зголемен крвен притисок, што значи дека светот уште низа години ќе се соочува со кардиоваскуларните болести. Особено ако овој тренд, од последниве 30 години продолжи да се движи со истото темпо.

Поинаков пристап

Лекари за „Лансет“ изјавиле дека во вакви услови неопходен е поинаков пристап во борбата со последиците од хипертензијата и брзината на откривањето.

Се верува дека ќе биде потребна дигитална трансформација, со далечинско надгледување на пациентите, следење на притисокот дома, во домашни услови и со засилена здравствена пропаганда, за предупредувањето на оваа болест која многумина не ја сметаат за некое заболување.

Луѓето ќе треба да се навикнат од неопходноста за контролирање на хипертензијата, но и на тоа да го сменат начинот на живот, колку што може повеќе и над се, начинот на исхраната.

Понатаму
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе