Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

РПЦ предвидува раскол во православниот свет

saasemen/Depositphotos.com

РПЦ предвидува раскол во православниот свет

Патријахот на Руската православна црква (РПЦ) Кирил, во Москва има изјавено дека во православниот свет „владее криза“, за која рекол дека е создадена под влијание “ на надворешни политички сили“, како и дека тајвата ситуација би можело да предизвика дури и „раскол меѓу православните цркви“.

„Во таа криза, секако, видливо е влијанието на некои политички сили, затоа што и целата историја на црквата е проследена со таквите влијанија“ – рекол рускиот патријарх, инсистирајќи дека не може да се негира постоењето на „оние кои би сакале да ги уништат темелите на православното живеење, да посеат раздор и да извршат поделба меѓу народите“.

Според патријархот на РПЦ, кризата несомнено укажува на несогласувањето меѓу православците за тоа како да се толкува вселенското православие.

Против грчко – медитеранските православци

Во својата изјава Кирил не споменува кои се тие „надворешни политички сили“, за кои само треба да се претпостави дека се надвор од Русија. Но, патријархот зборувал за тоа дека „постои тенденција на грчко – медитеранските православци да се одделат од словенското православие, а посебно да се одделат од Руската православна црква“.

За него тоа е рамно на расколот во христијанскиот свет од 1054 година, што би значело само слабеење на моќта на православната црква.

„Како поглавар на РПЦ, чија должност е да се грижи за зачувување и за јакнење на единството на сите помесни православни цркви, не може да не чувствувам болка за она што се случува во односите (на руската црква) со Вселенската патријаршија (во Цариград)“ – оценил Кирил и директно го обвинил Константинопол (како што во руското православие се означува Царигард, каде е седиштето на Вселенската патријршија, уште од времето на Византија).

Рускиот патријарх ги обвинува Константинопол и Вселенската патријаршија, затоа што вовлекол и други цркви во признавањето на – како што рекол – таканаречената Украинска павославна црква, за која уште зборувал дека таа “не претставува ништо друго туку само озаконување на црковниот раскол“.

Украинска автокефалност

После ваквото објаснување станува јасно дека патријархот Кирил само ја обновува караницата со Вселенската патријаршија, затоа што ја призна Украинската црква како независна и автокефална, што подоцна го направи и Грчката православна црква (ГПЦ), предизвикувајќи гневна реакција на Москва, но и на Српската православна црква (СПЦ).

Српската црква остро и замери на цариградската патријаршија за одлуката да признае упте една црква во Киев, покрај руската, но уште поостро реагираше на решението на ГПЦ и таа да ја прифати автокефалноста на украинската црква. Од Белград грубо и беше порачано на црквата во Грција дека таа „нема самата основа и право било кому да признава автокефалност, кога ниту самата нема вистинска независност“.

Грубата и неумесна црква на СПЦ, требаше да значи потврда на исклучителната блискост на српската црква со руската, но таа караница се случуваше во време на засилената расправија на (тогашна) Подгорица со Белград, околу барањата на Црна Гора за враќање на аавтокефалноста на нејзината црногорска црква, постоела во времето на независното кнежевство меѓу 1878 и 1918 година – до приклучувањето на Црна Гора во ново создаденото кралство Југославија.

Религија и политика

Таквите барања и тогаш, а и сега се оценуваат како расколнички и беа остро осудувани, како од СПЦ, така и од руската црква, иако новата (просрпска) влада во Подгорица сега и самата зборува за „таканаречена црногорска црква“.

Очигледно дека во пораките на рускиот патријарх има многу политика, уште повеќе што тој се има огласено на денот на почнувањето на изборите во Русија.

Од порано е познато, а особено последниве 20 години, откако Владимир Путин е претседател, дека се настојува РПЦ да стане предводник не само на словенските православни цркви, туку и на целиот православен свет, сметајќи го тоа како можност за создавање зона на верско, но и на политичко влијание на Русија. Москва од поодамна работи на тоа да ја преземе предводничката улога во православието од Вселенската патријаршија во Цариград (Константинопол), како што СПЦ настојува да биде предводник и црква – мајка на просторот на некогашна Југославија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, отиде чекор понатаму од елаборацијата на она што го зборува патријархот Кирил, па има речено дека РПЦ е „изложена на силен притисок од САД, чија цел е уништување на православното единство“. Според Лавров, тоа било забележливо во Украина и во Белорусија, но и во „низа други држави и региони“.

(Д.М.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе