„Глобална Британија“ после Брегзит
Новиот британски министер за надворешни работи, за прв пат жена на чело на Форин Офисот, Лиз Трас застана во одбрана на одбранбениот пакт во Азиско – Пацифичкиот регион, што беше создаден во средината на изминатата недела, бранејќи го притоа и пристапувањето на Велика Британија кон пактот што го соаздадоа САД и Австралија.
Спогодбата (пактот) ја покажува британската спремност да покаже “цврстина во одбраната на своите интереси“, како и подготвеноста на Британија да се ангажира за безбедноста и за стабилноста во азиско – пацифичкиот регион – има напишано Трас во својот авторски текст во неделното издание на проториевскиот „Телеграф“.
Во средата, САД, Австралија и Британија објавија дека создале големо партнерство во Азиско – Пацифичката зона, во настојувањето да и се спротивстават на Кина и нејзината амбиција за навлегување и за контрола на целиот тој регион.
Кина не е никаде директно спомената во заедничкото соопштение, но новиот пакт предвидува и испорака на подморници на нуклеарен погон за австралиската воена морнарица.
Нова улога на Лондон
Британската министерка во својот текст не споменува ништо за острата реакција на Франција, која не се спротивставува на создавањето на пактот, туку е гневна што Австралија, правејќи го тој пакт, ја раскина веќе договорената зделка за набавка на француски, конвенционални подморници, на дизел и на електричен погон.
Министерката Трас само се осврнува на истакнување на британската улога во целата оваа работа – означувајќи ја како истакнување на новата улога на Обединетото кралство, како „Глобална Британија“, во светот, а не како што таа сега е позната како „пост – Брегзит Британија“ инсистирајќи притоа дека “оваа есен ќе го истакне своето знаме на меѓународната сцена. Мислејќи притоа и на организацијата на големата глобална конференција за климата, која во ноември ќе се одржи во Глазгов, во Шкотска.
Франција, меѓутоа, на сето ова гледа како на измамена страна, па налутено, во знак на протест поради раскинатиот договор со владата во Канбера, ги повлече француските амбасадори од САД и од Австралија, во потег каков досега немало меѓу најблиските сојузници.
„Трето тркало на велосипед“
Официјален Париз, меѓутоа, не го повика „на консултации“ и својот амбасадор во Лондон кој остана своето работно место.
Не само тоа, туку француската страна, во својот добро познат манир, во вакви прилики, таквото решение цинично го прокоментира со забелешката дека и онка станува збор за „постојан опуртунизам“ на Британија, навредливо објаснувајќи ја нејзината улога во пактот како “третото тркало“ во велосипедот.
Или како отпосле додадена странка во целата спогодба која останува американск0 – австралиска.
Француските медиуми ја искористија оваа можност и за да се нафрлат врз Британците, обвинувајќи ги за најавата дека ќе ги враќаат назад во Франција, илегалните мигранти кој скриено настојуваат да се префрлат преку Ламанш (Англискиот канал, како што го нарекуваат Британците), а британската крајбрежна стража ги открива во водите на каналот.
Без реакции на цинизмот
Во Париз само се смета дека Британија (уште еднаш) и врти грб на Франција, за разлика, од како што велат, својата коректност кон Лондон во текот на преговорите околу договорот со ЕУ, по Брегзит, за Северна Ирска.
Во Лондон не мислат така, затоа што таму во текот на тие преговори со Брисел, британската страна често ја обвинуваше француската за некоректност и за тврда, па дури и за антибританска позиција, подржувајќи ја позицијата на Германија.
Но, од таму, засега, нема реакција на цинизмот и иронијата од Париз, барем, кога станува збор за владата и за британскиот Форин Офис.
Двете соседни земји се историски сојузници во двете светски војни, па сепак, Британија прв пат се јави како кандидат за тогашната ЕЕЗ уште во 1962 година, но во заедницата влезе дури во 1973 година. Повеќе од десет години, Франција беше против британското членство – ставајќи секоја година – вето.
(Д.Л.)