Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Руска филмска екипа се врати од вселената

blinow61/Depositphotos.com

Руска филмска екипа се врати од вселената

Членовите на руската филмска екипа, која снимаше дел од еден игран филмски проект во вселената, во вселенската станица „Сојуз“, се вратија на Земјата. Капсулата во која беа астронаутот Олег Новицки, актерката Јулија Пересилд и режисерот Ким Шипенко, безбедно се спуштија во степите на Казахстан.

Актерката и режисерот на вселенската станица беа од 5 октомври – на 12 дневно снимање делови од филмот „Предизвик“.

Во филмот станува збор за лекар – хирург, лик кој го толкува Пересилд, која на вселенска станица стигнува за да спаси еден член од посадата, кому итно му е потребно да биде опериран. Хируршката интервенција мора да се изведе во вселената, затоа што астронаутот не може – во состојбата во која се наоѓа – да се префрли на Земјата, до некоја болница.

Астронаутот Новицки кој, инаку, професионално, шест месеци поминал во вселенската станица, го толкува ликот на заболениот астронаут од филмот,  врз кој треба да се изврши хируршката интервенција.

„Предизвик“ е првиот филмски проект, воопшто, што е сниман и во вселената, таму каде приказната се случува.

Руската екипа, на тој начин, успеа да го реализира својот проект пред американскиот актер Том Круз кој (прв) најави снимање секвенци од игран филм во вселената. Станува збор за најновиот филм од филмскиот серијал  „Невозможна мисија“, што треба да се прави  заедно со НАСА и со „Спејс Икс“ на Илон Маск.

Се дознава дека пред враќањето на Земјата, руската филмска екипа се соочила со технички проблем на бродот кој не бил предвиден со филмското сценарио, но по кусо време, проблемот бил отстранет, па враќањето било безбедно.

Веднаш по спуштањето на капсулата со падобран, така како што е редот, сите тројца се сместени во специјални седишта за прилагодување на гравитацијата, по престојот во станицата и животот вон од  гравитација. Потоа, астронаутот Новицки, како и актерката и режисерот, се префрлени во специјален шатор, за неопходните прегледи по времето поминато во вселената.

Според првите наоди, сите тројца се чувствувале здраво и добро.

На вселената станица останаа уште седум астронаути – двајца Руси, тројца Американци, еден Французин од Европската вселенска агенција и еден Јапонец.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе