Бугарија : Неуставно е функционер со две државјанства
Бугарскиот претседател Румен Радев го загуби случајот со министерот во техничката влада што тој ја има составено – за да функцонира до вонредните избори, следниот месец – откако Уставниот суд пресуди дека е „неуставно функционер да има две државјанства “, односно, дека „указот со кој Радев го именувал министерот за економија во владата е спротивен на Уставот на Република Бугарија“.
Станува збор за случајот со министерот Кирил Петков, кој е именуван на 1 мај- прво како експертски министер во вака уредената влада, а сега веќе и како лидер на – Продолжуваме со промената – нова партија на бугарската политичка сцена.
Таа треба да биде дел од некоја нова, постизборна коалиција , врз анти-ГЕРБ основа, за надминување на долгата политичка криза во земјата, поради која Бугрија повеќе од шест месеци нема влада, а граѓаните по трет пат ќе излезат на гласање.
Радев го брани канадскиот Бугарин
Петков е бугарски државјанин , но има земено и канадско државјанство, за што ( се вели) дека никому не кажал. Тој, сега, има соопштено дека пред нотар, се откажал од државјанството на Канада, а го има вратено и канадскиот пасош.
За домашните медиуми изјавил дека „доброволно се откажал од канадските документи“ и дека ја почитува одлуката на Уставниот суд. Сепак, обвинува дека судот дејствувал бирократски, бидејќи „никаде нема одредба кога и под кои услови треба да се изврши откажувањето од странското државјанство“.
Радев, од своја страна, одбил да ја коментира одлуката на судот, иако претходно барал Уставниот суд да ја прекине постапката. Меѓутоа, се брани дека не знаел дека Петков е државјанин и на странска земја.
Претседателот, сепак, останува зад изборот на Петков, кој сега веќе дејствува како политички лидер на опозициска партија која се бори да дојде на власт и смета дека младиот Петков е добар стручњак и дека бил добар министер во изминатите месеци.
Во екот на изборна кампања
Случајот и одлуката на Уставниот суд доаѓа во време на жестока предизборна кампања за изборите на кои овој пат ќе се гласа и за претседател на државата. Како кандидат ( за втор мандат) се јавува Радев, па аферата со министрот со две државјанства сите страни ја користат за политичките цели и за потребите на претстојните избори. Особено откако приговор за Петков, до Уставниот суд има доставено партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов.
Оваа партија сега силно го обвинува Радев, за кого се вели дека води кампања за своите социјалисти и за себе,иако се има регистрирано како независен. Во ГЕРБ тврдат дека е одговорен за целиот случај. Како шеф на државата тој требало да знае кого именува во влада што самиот ја составувал, па од оваа партија инсистираат дека треба да се испита и одговорноста на претседателот.
Слично реагираат и другите партии кои се имаат нафрлено врз Радев затоа што сите сметаат дека во овој случај „ го погазил Уставот“.
Во секој случај, видливо е дека тој низ долгата полиѕтичка криза настојува да ја преземе контролата врз политичката сцена и да се истакне себе си како политички лидер, што Уставот не му го дозволува.
Уште повеќе што преку разните мали партии , како онаа на Петков, од луѓе кои ги има претходно избрано, да истурка некаква „своја“ коалиција во која бугарските социјалисти би имале значајно поголема улога од сегашната.
Петков „излажал за државјанството“
Десничарското, националистичко, бугарско ВМРО , затоа, освен што бара одговорност за претседателот, ја критикува и партијата – Продолжуваме со промените. Софиските вмровци повикуваат на бришење на сите одлуки и решенија што во изминатите месеци ги има потпишано нејзиниот лидер Петков, бидејќи, како што се вели – „излажал за своето државјанство од Канада“- тврдејќи дека има само бугарски пасош.
Самиот Петков преку својот случај со двете државјанства, настојува да се вклопи на бугарската сцена , нудејќи се себе си како кандидат кој се вратил во Бугарија и се откажал од благодетите на канадското државјанство ( и пасош) за да и помогнел на земјата, кога видел како „шака луѓе ја ограбуваат“.
Во атмосферата која е создадена, не е случајно што претседателот продолжува да агитира врз основите на бугарскиот национализам, настојувајќи и тој да ги привлече гласовите на крајната десница и на националистички определените бугарски гласачи- користејќи ја Македонија и неразумната блокада на нејзиниот пат кон Европа.
Еднаш, со воинствените закани дека „нема попуштање пред притисокот на ЕУ“, за подигнување на блокадата, а во следниот момент порачувајќи и на домашната јавност дека „Бугарија стои зад македонските бугари“.
„Македонските бугари“ кај претседателот
Оваа изјава е дадено за време на посетата на делегација на „бугарите“ од Македонија- сите добро промовирани скопски вмровци- кои зборувајќи на (течен) бугарски јазик, на средбата имаат измислувано лаги и невистини за нивната позиција во Република Северна Македонија. За тоа дека, наводно, биле загрозени од однесувањето на властите во Скопје.
Ако како бугари се сметаат сите 130 илјади носители на бугарско државјанство и на пасош- во најголем бројстанува збор за скопски вмровци- нивни активисти , или подржувачи на избори- тогаш Радев и немаше потреба од театралната претстава во неговиот кабинет во Софија. Тие овде, не само што уживаат во својот дволичен статус, туку навлегуваат и во политиката на државата, прикажувајќи се како патриоти.
А, во Македонија, за разлика од Бугарија, не се смета за никаков грев да се одродиш од сопствената нација – за странско државјанство и пасош. Овде за „предавници“ ги сметаат оние кои настојуваат земјата ( конечно) да стане дел од Европа- за да нема вакви примери на одродување.
(С.Г.)