Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Речен крузер на Дунав ставен во карантин

photobeginner/Depositphotos.com

Речен крузер на Дунав ставен во карантин

Туристичкото патување по Дунав, со еден германски речен крузер, се претвори во драма, откако при рутинска проверка, се откри дека најголемиот број од патниците на бродот биле заразени со коронавирусот.

Бродот тргнал од градот Пасау, во Германија, за да ги пренесе туристите до австрискиот главен град, но настанала паника кога здравствените власти во Виена, утврдиле дека речниот крузер, всушност, е голем кластер – жариште на вирусот, од кој Европа, се уште не може да се ослободи.

Целиот крузер веднаш е ставен во карантин, а сите патници и посадата се ставени во изолација и под стража се задржани на бродот, од каде никој не смее да излезе. Според претставник на кризниот штаб за борба со пандемијата во Виена, на крузерот имало вкупно 178 патници, а од нив кај 80 е откриено дека се заразени со корона.

Половина од патниците – заразени

Всушност, за поразувачката епидмиолошка состојба во која бил бродот, се разбрало од проверката – здравствените тестови на патниците кои сакале да излезат и да го разгледаат градот. Не се јавува дали тестови биле направени и за оние кои останале на крузерот, чекајќи тој да продолжи со крстарењето по реката.

Станува збор за туристи кои допатувале од соседна Германија, но не се знае дали сите патници се жители на Пасау, од каде бродот тргнал. Сега се прави детален епидемиолошко – безбедносен план за тоа како заразените и сите другите, да се вратат во Германија.

Инцидентот со цел еден брод, доаѓа во време кога ЕУ/Европа одново е соочена со нов бран со коронавирусот, а во исто време Светската здравствена организација (СЗО) како и епидемиолози предупредуваат на „тешката зима“ кога станува збор за пандемијата и на тоа – таа да продолжи и во следната 2022 година.

Европа (одново) во криза

Сегашната криза е најсилна на Истокот од Европа и во источноевропските земји, членки на ЕУ, када и бројот на новозаразените и смртноста, бележат рекордни бројки.

Анализите откриваат дека причина за тоа е ниската вакцинираност, односно високиот процент луѓе, посебно кај помладите, кои одбиваат да се вакцинираат, но и да се придржуваат на се уште важечките епидемиолошки мерки за заштита.

На Западот од континентот и кај западните членки на ЕУ, степенот на вакцинираност е далеку повисок и тука спаѓа и Германија, но различни се причините за повторната раширеност на вирусот.

Некаде, како во Британија, која има висока вакцинираност на населението, експертите сметаат дека причината за новиот бран е во пребрзото олабавување на заштитните мерки и одбивањето на луѓето да носат маски и да одржуваат социјално дистанцирање – едни од други.

Со корона на крстарење

Меѓутоа, се верува дека за растот на новозаразените (иако со помала смртност од пролетоска) причина треба да се бара и во ослабување на заштитата од вакцините. Што значи дека во целиот тој дел од континентот сега е потребно давање трета доза на оние кои и онака се имунолошки послаби и „лесно закачуваат“ вируси.

Германија уште пред овој случај со крузерот од Пасау соопшти дека има проблеми со пандемијата.

Земјата има силно антиваксерско движење, а ултра – десницата постојано организира протести против воведувањето корона – пропусници и воведувањето дополнителни мерки. Бројот на новозаразените и во оваа земја, постојано расте, иако не секаде во ист обем. Затоа, во некои делови, одново се воведува локдаун и се враќаат карантинските услови за живеење.

Не се знае дали патниците на речниот крузер се од тие реони, или пак, пандемијата и во Германија (некаде) е излезена од контрола. Можеби затоа се случило толку многу заразени лица да се соберат – заедно – за речно крстарење.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе