Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Сенатор се обидел да силува советничка на Клинтон

Julie Vazquez from Henderson, United States, Hillary Clinton and Huma Abedin, CC BY 2.0

Сенатор се обидел да силува советничка на Клинтон

Еден неименуван американски сенатор е обвинет од поранешната советничка на Хилари Клинтон – Хума Абедин – дека во една прилика, сексуално ја нападнал и се обидел да ја силува.

Абедин не открива за кого станува збор, ниту соопштува на која од американските политички партии овој човек и припаѓа. Тврди само дека тоа се случило во средината на 2000 – тите години, во неговата куќа во Вашингтон, каде била поканета на кафе, после една работна вечера на која биле повеќе сенатори и нивните соработници.

Хилари Клинтон која на два пати – меѓу 2001 и 2009 година беше демократски сенатор на сојузната држава Њујорк – таа вечер не била присутна на вечерата.

„Најтешките десет секунди“

Целиот случај сега се појавува на виделина, откако за инцидентот Абедин зборува во нејзината биографска книга што наскоро ќе се појави во книжарниците низ Америка. Тврди дека сакала инцидентот да го „погреба, еднаш за секогаш“ и да го заборави, но дека сеќавањата се вратиле откако се појавија обвинувањата на сметка на судијата на Врховниот суд на САД Брет Кавана, десничар и конзервативец, кого Доналд Трамп успеа да „истурка“ тој да стане еден од врховните судии.

Поранешната советничка во книгата објаснува дека на крајот на споменатата работна вечера, еден од сенаторите се понудил да ја префрли до дома, а веднаш по тоа и ја поканил – на кафе. Таа прифатила да влезе во куќата, верувајќи во него. Се било во ред додека тој наеднаш не ја турнал на троседот и почнал да ја грли и бакнува, обидувајќи се да ја обљуби.

Вели дека некако успеала да се извлече од ситуацијата, опишувајќи го времето како “најтешките десет секунди“ во животот.

Во книгата пишува дека сенаторот делувал збунето, гледајќи го нејзиниот шок и само прозборел дека – цело време имал стекнато погрешен впечаток (за неа). Веднаш потоа, таа набрзина излегла од куќата, настојувајќи да изгледа како ништо да не се случило.

Хилари не знаела за инцидентот

Хума Абедин и (сега веќе) поранешниот сопруг Ентони Вајнер, не се прв пат во ситуација да бидат вест за американските весници и за таблоидите.

Посебно, откако се откри дека Вајнер, инаку демократски конгресмен во државата Њујорк, испраќал вулгарни пораки и непристојни фотографии (прикажувајќи го своите гениталии) на интернет – на млади жени, но и на малолетнички, кои никогаш ги нема запознаено.

Скандалот избувна пред пет години, кога еден од таблоидите објави дека сопругот на Абедин – на овој начин – се допишувал и со една 15 годишна девојка.

Затоа беше покрената и криминална истрага, особено што иако немало средба со малолетничката, Вајнер цело време знаел колку години има, а постојано и испраќал сексуални пораки – за тоа како „сонува да ја силува“.

Во тоа време конгресменот бил се уште во брак, иако сопругата веќе имало покренато бракоразводна постапка. Абедин сега има 45 години и во книгата изразува силен гнев и гнасење поради однесувањето на екс сопругот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе