Европската ултра-десница го заштитува Ковид
Во најновиот европски бран на анти-ковид протести, во судирите во неделата, во Брисел на насилници од разни уверувања, со силите на белгиската полиција, има повредени и уапсени – соопшти претставник на полицијата во главниот град на Белгија.
Масата во која се верува дека имало над 30 илјади лица се собрала за да протестира против најновите строги мерки кои ги има воведено белгиската влада, за заштита на населението од сегашниот четврти бран на пандемијата со коронавирусот – во кој одново има голем број новозаразени и починати.
Демонстрацијата минувала мирно се додека на крајот, една поголема група милитантни демонстранти, почнале да фрлаат по полицајците со камења и со се што можеле да им дојде до раце, да ги уништуваат паркираните автомобили и да ги палат кантите за ѓубре. На тоа силите на редот одговориле фрлајќи солзавец и употребувајќи водени топови, за да ја разбијат разулавената толпа.
Ротердам во пламен
Протестот, формално, бил организиран против вакцинирањето на населението, против советите на здравствените власти и на владата за итно вакцинирање на невакцинираните, како и против било каква мерка што би значела задолжително вакцинирање, како она што го направи Австрија.
Според белгиските медиуми, демонстрантите извикувале – „Слобода, слобода“, потоа ја пееле познатата италијанска антифашистичка песна на тамошните партизани од времето на Втората светска војна – „Бела чао“, оправдувајќи го притоа протестот дека станува збор за „Марш за слободата на луѓето“. А, во масата, покрај редовно присутните анти-ваксери, имало и приврзаници на разни анти-естаблишмент движења и анархисти, луѓе кои уште ги носеле со себе и своите деца, заедно со пензионери и припадници на ЛГБТ заедницата.
Вакви протести кои (наводно) се организираат за одбрана на „човековите слободи“, а против „насилното“ вакцинирање од најопасниот и најсмртоносниот вирус што ја има погодено Европа во последните над 100 години, претходно- во два дена, едно по друго – се одржаа и во Ротердам во Холандија.
Протести во невреме
И таму, слична толпа насилници, дејствуваа на сличен начин- војуваа со полицијата против вакцините и здравјето на луѓето, на тој начин што подметнуваа пожари, па изгореа низа мали продавници. Притоа, овие лажни борци за „слобода“ имаат уништено десетици автомобили на полицијата, но и на обични луѓе, на кои разулавените насилници им го уништуваа личниот имот.
Het gaat écht los in Rotterdam #RotterdamProtest pic.twitter.com/cd64gMb7sp
— Quin (@Quinfour) November 19, 2021
Во обидот да се стави ред на улиците и да се запре насилството, холандската полиција реагираше на ист начин како и белгиската, како што тоа претходно го имаат направено и полициите на Франција и на Германија, таму каде имаше вакви улични немири, на Австрија и на Италија, на Швајцарија, Грција и на Хрватска.
Во безмилосното насилство кое беше регистрирано во Ротердам, камења биле фрлани и по возило на Брзата помош, кое превезувало болен пациент.
Во Загреб, пак, шарената по состав толпа од демонстранти, протестираа против воведувањето здравствени пропусници, во вистинско невреме. Кога Хрватска бележи рекорди во бројот на новозаразени и со смртност каква немаше ниту минатата пролет- секој ден и до над 60 лица. Најголем број од новозаразените и починатите се невакцинирани.
Толпата го „брани умирањето“!
Таму најнасилните демонстранти се пресметуваа и со медиумите, па физички го имаат нападнато новинарот на една загрепска телевизија, кој е претепан од зад грб, додека на репортерката на „Ал Џазира“ насилник и го грабнал од рака микрофонот и го однел со себе.
Во сите овие локации, божем, се заштитуваат човековите слободи, или наводно се штити правото на избор – дали некој ќе се вакцинира, или не, па затоа се против тоа да има здравствени пропусници. Но, сите тие самопрогласени „слободњаци“ и сите улични насилници- од кои мирните учесници во протестите, не се оградуваат и не ги осудуваат- всушност, го ЗАШТИТУВААТ КОВИДОТ, ВИРУСОТ И ЕПИДЕМИЈАТА.
Целата таа толпа во која има и образувани и паметни луѓе кои добро знаат што се случува и каква е епидемиолошката ситуација.
Знаат и каква е разорната сила на короната што не може да се совлада две години- а, притоа како да не гледаат дека протестираат против мерките кои треба да спречат ширење на пандемијата, да го спречат натамошното заразување на луѓето и да го ЗАПРАТ УМИРАЊЕТО НА ЗАРАЗЕНИТЕ И ЗАБОЛЕНИТЕ, НАЈГОЛЕМ БРОЈ ОД НИВ- НЕВАКЦИНИРАНИ.
Политички демонстрации
Излегува дека луѓето низ Европа демонстрираат во одбрана на смртта, па заговарајќи дека штитат некаква имагинарна слобода, во услови на масовна епидемија, по улиците наликуваат на некакви зомби со испрани мозоци кои им веруваат на шарлатани, на измислени приказни, на лажни вести со кои се преплавени социјалните мрежи, на големи заговори, или на некакви сатански мисии на епидемиолозите, на лекарите, на експертите кои трагаа и дојдоа до вакцина, а сега трагаат по лек.
Европски социолози и политиколози, меѓутоа, во оваа заблуденост на дел од јавноста (а меѓу нив, за жал, има и лекари) гледаат многу политика и политикански игри во кои главната улога ја има европската ултра-десница, придружена со разните ултра националистички и популистички сорти на политичари, на неофашистички и неонацистички движења и организации.
Крајната десница стои зад сите вакви случувања во Европа, заедно со нивните приврзаници, гласачи и активисти. Тие се во првите „борбени редови“- за мобилизирање на масите и за предизвикување на нередите. Ултрашката десница, на тој начин има дејствувано во минатото и низ историјата, а така дејствува и сега.
Здравјето на удар на уличното насилство
Немајќи никакво алтернативно решение за ниту еден проблем во државите каде дејствуваат, за нив единствено решение останува УЛИЦАТА И НАСИЛСТВОТО.
Наместо на политичката сцена и со аргументи кои редовно ги немаат, ултра-десницата повикува на радикализам- на уривање на демократскиот поредок, прикажувајќи ги мерките на владите (против короната), како уште еден (наводен) „заговор“ на либерализмот и на либералното гледање на работите во општеството.
Така и залагањето за ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО и за мерките во борбата со епидемијата, го прикажуваат како зло, а нивните слепи послушници и поддржувачи – ги следат на улиците.
Тоа се случуваше во Франција, а тоа се случи и во Австрија, која од 22 ноември воведе карантин во целата земја, па на бунт повика – кој друг, ако не, крајно-десничарсата слободарска партија. Така се случуваше во Германија каде крајната десница на партијата Алтернатива за Германија (АфД) и тамошните неонацисти правеа протести и нереди, а тоа се повтори и во Холандија и во Белгија.
Проусташи и националисти
Во Хрватска „орото“ го водеа локалните ултраши од сите политички бои и националисти, меѓу кои се најдоа и сите проусташки политичари. А, така е и во Македонија.
И овде крајно-десничарските вмровци се против вакцинирањето. Нивните поддржувачи се во најголемиот број меѓу невакцинираните и тие се против било какви поостри мерки за одбрана од коронавирусот. Од ова политичко друштво се и оние кои одбиваат да ги почитуваат и најелементарните мерки за заштита- личната и кон другите, иако кога се во странство, пеат друга песна. Таму не мора да и се лојални на партијата,
Најголемата иронија во сите овие случувања е што оваа ултрадесничарска Европа, која кога би владеела во некоја држава, секаде би вовела деспотија и автократски режими, на улиците, за време на ковид протестите, пее за „слободата на луѓето“. Пее дури и антифашистички песни!?
(С.Г.)