Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Ријана: национален херој на Барбадос

arp/Depositphotos.com

Ријана: национален херој на Барбадос

Светската музичка мега – ѕвезда Ријана е прогласена за национален херој на Барбадос, малечка островска држава на Карибите.

Прогласувањето на Ријана е извршено во главниот град Бриџтаун, каде пејачката е родена пред 33 години, во рамките на прославата по повод прогласувањето на Барбадос за република.

„Продолжи и понатаму да светиш како најубавиот дијамант, како што тоа го правеше досега и со својата работа и со своите постигнувања продолжи да бидеш гордост за својот народ“ – има речено во таа прилика премиерката на оваа островска земја Миа Моти.

Во Барбадос се во тек свеченостите околу прогласувањето на најновата република во светот. Точно на полноќ (меѓу понеделникот и вторникот) во главниот град, Сандра Мејсон беше промовирана во првата претседателка на земјата, во нејзината историја.

Мејсон (72) од 2018 година ја извршуваше функцијата генерален гувернер на Барбадос.

Оваа функција, во основа, означува шеф на државата во земја која има статус на доминион на Обединетото кралство. Овој статус го имаат прифатено некои од поранешните британски колонии, откако се имаат ослободено од британската колонијална доминација. Во тие земји, кралицата Елизабета Втора е и нивни суверен, претставена во тие земји преку генералниот гувернер.

Сите поранешни колонии, освен САД и уште некои, се дел и од британскиот Комонвелт – заедница на независни држави и народи – но, само помалку од половината од членките на Комонвелтот имаат статус на држави – доминиони. Барбадос одлучи да се откаже од тој статус и да прогласи република, прекинувајќи ги ваквите врски со Британија и со британската круна.

Меѓу земјите – доминиони, меѓутоа, остануваат и натаму Канада, Австралија и Нов Зеланд.

Во рамките на свеченостите, Барбадос ја одбележи и 55 годишнината од прогласувањето на независноста.

На прогласувањето на републиката во Бриџтаун, присуствуваше британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, како претставник на кралицата Елизабета, но главната ѕвезда на вечерта, сепак, беше Ријана.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе