Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Тој е Путин, кој може да го зарази со корона”!

eugeniy/Depositphotos.com

„Тој е Путин, кој може да го зарази со корона”!

Долгогодишниот портпарол на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека „околу рускиот претседател Владимир Путин има доволен број лекари и други специјалисти кои обезбедуваат тој во ниту еден момент да не се најде во опасност за да се зарази со коронавирусот“.

Во разговор за еден специјално правен документарен филм за пандемијата и за двегодишната борба со опасниот вирус, Песков рекол дека не постои никаков посебен план за тоа – што би се правело и како би се реагирало – доколку некој, сепак, би го заразил Путин со короната.

На тоа, до крај лојалниот секретар за медиумите, кусо одговорил – „Видете, па тој е Путин. Кој би можел него да го зарази со вирусот“!

Треба да му се верува на Песков, особено што во овие години на глобална пандемија, рускиот претседател ретко е во јавноста и многу често комуницира преку видео врски (како на пример, со американскиот претседател, во минатата недела) за ситуацијата околу Украина.

Освен тоа, многу често тој е надвор од Москва, која и натаму останува најголемото жариште на пандемијата во Русија. Притоа, најмногу престојува во претседателската резиденција во Сочи на Црноморскиот брег, од каде и ги водеше разговорот со Џо Бајден.

Веста за претседателот и тоа како е обезбеден за да не се зарази, со оглед дека веќе има над 68 години, ја имаат пренесено руските новински агенции.

Во веста, меѓутоа, нема дека вирусот го нападна и Кремљ, на почетокот на пандемијата, во времето кога руските власти ја омаловажува заканата од короната, што избувна пред две години во Вухан, во Кина, уверувајќи дека Русија може и знае како да се справи со неа.

Меѓу заразните тогаш, беа и Дмитри Песков, за кого се вели дека барем по десетина пати во текот на денот е во канцеларијата на шефот на државата, како и сопругата на Песков.

Портпаролот беше веднаш ставен во изолација, а во изолација се најде и претседателот на Русија. Тогаш беше соопштено дека Путин не е инфициран и дека изолацијата е само – превентивна мерка. Тоа е времето пред светот и Русија да почнат да ги откриваат вакцините против Ковид.

Русија подоцна објави дека прва има создадено анти – ковид вакцина (Спутник V). Претседателот се вакцинираше подоцна со две дози. Оваа есен беше соопштено дека Путин и трет пат бил вакциниран, со т.н. бастер вакцина, но не беше речено со која.

Песков е портпарол, или советник за медиуми уште од првото влегување на Владимир Путин во руската политика – како премиер.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе