Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Седуммина повредени во игра со снежни топки

gpointstudio/Depositphotos.com

Седуммина повредени во игра со снежни топки

Обилните снежни врнежи во Истанбул предизвикаа градот на Босфор, раширен на два континенти, целиот да побелее, давајќи му еден сосема нов лик. Тоа предизвика парковите, посебно оние во европскиот дел од градот, да се наполнат со млади луѓе кои густиот снег го користеа за правење снежни топки – гаѓајќи се со нив.

Во еден од тие паркови, меѓутоа, оваа весела зимска игра се претворила во она што народот, најчесто ја нарекува – играчка, плачка – после која најмалку седум лица се повредени и се пренесени во болница. Интервенира и полицијата што веројатно помогнало да не дојде до тоа, веселата игра да се претвори во трагедија.

Според турските и европските медиуми, две групи млади мажи се вклучиле во една таква игра со снежни топки. Се било во ред додека меѓу младите од групите не почнала со меѓусебна расправија, која набрзо потоа се претворила во тепачка. Требало да помине малку време за да луѓето од страна, кои исто така играле на снегот, не сфатат дека двете групи не се забавуваат, туку дека се вклучени во остра физичка пресметка.

Не е познато како и зошто, но еден од „веселите“ млади мажи извадил револвер, што го имал кај себе и почнал да пука и да рани дури седум лица.

Инцидентот кој (како што се вели во вестите од Истанбул) поминал без човечки жртви, има покренато дебата за менталитетот на Турците и за тоа како е потребно многу малку, па една наивна, зимска, детска игра со снегот, да се претвори во опасна расправија во која било употребено и огнено оружје.

Невладината организација Умут, пак, тепачката во паркот Топхане ја има искористено за да го покрене и прашањето за оружјето што се наоѓа меѓу луѓето,

Проценка е дека околу 25 милиони парчиња разно огнено оружје се наоѓа кај населението, во земја во која се верува дека живеат 85 милиони лица. Друго прашање е – зашто овој ревoлверџија, морал да носи оружје и кога отишол во паркот – за играње со снежни топки.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе