Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

„Автократите се вртат кон Исток, а граѓаните емигрираат на Запад“

postmodernstudio/Depositphotos.com

„Автократите се вртат кон Исток, а граѓаните емигрираат на Запад“

Поранешната хрватска министерка за надворешни работи Весна Пусиќ изјави дека автократските лидери во земјите од Источна Европа – од регионот на Балканот и оние во ЕУ – се повеќе се вртат кон Истокот, кон Москва, додека нивните граѓани, со чија помош владеат, емигрираат на Западот.

Во разговор за загрепската редакција на телевизијата Н – 1, по повод изборите во Република Србија и во Унгарија, Пусиќ има речено дека станува збор за необичен, чуден феномен, што малку е разработен и истражуван.

Изборните резултати ги соопшти Вучиќ

За изборите во Србија таа има речено дека биле “мошне необични“, пред се, поради незабележаната досега одлука на тамошната државна изборна комисија – да не ги обработува и објавува изборните резултати, во текот на ноќта, веднаш по затворањето на избирачките места, туку работата да ја продолжи дури следниот ден.

Најпроблематичното во сето тоа е што резултатите од изборите ги соопшти еден од кандидатите и учесник во изборниот процес – Александар Вучиќ – а не изборната комисија како што е тоа редот и како што предвидува законот.

Конечно, на изборите беа регистрирани многу грешки и со повремено насилство, со постоење на двојни изборни списоци и секако, со фактот дека еден од кандидатите (старо – новиот претседател на државата) објавува која партија како поминала на изборите и каков е резултатот на кандидатите за шеф на државата.

„Сето тоа покажува дека изборната комисија во Србија слуша, а не известува за текот на изборниот процес“ – има речено Весна Пусиќ, инаку професор по политички науки.

Орбан – пион на Путин

Според неа, слична е ситуацијата и во Унгарија, иако од таму (барем не јавно) нема некои поголеми реакции за регистрирани неправилности.

Таа тврди дека земјата има бројни, сериозни проблеми со демократската процедура, а дека Виктор Орбан кој е 12 години на власт и кој во неделата освои и четврти по ред мандат, е „многу посилно и подиректно врзан за Владимир Путин, отколку што е тоа Вучиќ во Србија“.

Пусиќ вели дека никој на Балканот и во Источна Европа не е Скандинавија, а тоа посебно се однесува за државите кои имаат автократи на власт, со години на ред. Но, таа укажува на феноменот – авторитарните владари во овој дел од Европа, се повеќе (политички) да се вратат кон Истокот, во исто време кога граѓаните на земјите со автократска власт да заминуваат на Западот.

Никој од нив не оди да работи, или уште помалку да живее на Истокот. Дури и државјаните на путинова Русија, масовно се преселуваат – под различни изговори – на другата страна од континентот.

„Унгарија не е демократска земја“

Што се однесува до унгарскиот случај, поранешната хрватска шефица на дипломатијата оценува дека – „Унгарија е длабоко заглавена во калта на автократијата, па таа не може повеќе да се нарекува демократска земја“. Станува збор за земја која е членка на ЕУ и која и покрај тоа, продолжува да ја поткопува Унијата од внатре.

„За таквото свое однесување Унгарија мора да сноси последици и санкции““ – има речено Пусиќ.

Засега не може да се предвиди како понатаму ќе се развиваат работите на релацијата меѓу Брисел и Будимпешта, како што не е јасно ниту дали ова средноевропска држава може да биде дури и исклучена од членството во Унијата.

Според Весна Пусиќ – тоа би било тешко, но вели дека не е ниту невозможно да се случи.

Првата честитка од Москва

Особено кога Орбан ја продолжува својата „војна“ со „европските бирократи“ – како што ја нарекува Европската комисија, користејќи ги резултатите од најновите избори неговата изборна победа да се расправа со ЕУ и (практично) да се заканува со создавање нови, внатрешни потреси во Унијата – на планот на нејзиното единство.

Сето тоа во моменти кога првата честита за победата на изборите Орбан ја прими од Путин, од рускиот автократ кој е притиснат до ѕидот за инвазијата во Украина, за крвавите злодела на неговите војници, за уништувањето на една независна и суверена земја која е „виновна“ затоа што не сака да остане под неговата контрола – како сателит на Москва.

Проблемот на Виктор Орбан е што и тој е свесен за феноменот за кој зборува Пусиќ – колку повеќе се врзува за режимот во Москва, толку повеќе расте бројот на противниците меѓу населението во Унгарија за напуштање на ЕУ, за што во една прилика „се закани“ унгарскиот автократ.

(Х.З.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе