Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Марија и Екатерина – ќерките на Путин

Rossia 24, Youtube / MT

Марија и Екатерина – ќерките на Путин

Во најновиот пакет американски санкции, насочени кон руските финансиски институции и поединци, се најдоа и двете ќерки на Владимир Путин – Марија и Екатерина.

Според Си – Ен – Ен кој се повикува на висок функционер во администрацијата на САД, ќерките на рускиот претседател се на списокот на санкционираните затоа што се верува дека Путин крие дел од својот имот, ставен на нивно име, иако не се открива кој дел од имотот го има сокриено (префрлено) на ќерките.

Марија Воронцева и Екатерина Тихонова се деца на Путин од неговиот, сега разведен брак, со сопругата Људмила која при венчавката со тогашниот млад разузнавач на КГБ, работела како стјуардеса на државната компанија „Аерофлот“:

Без информации за путиновите деца

Долги години откако Путин е на власт како неприкосновен лидер на Русија, не беше можно ништо да се разбере за неговите две ќерки. Руските и странските медиуми дури не можеа да дојдат ниту до нивните фотографии, а уште помалку да разберат за нивниот приватен живот.

Дури во 2015 година, Путин за прв пат има зборувано за нив, споменувајќи дека и двете живеат во Русија и дека тука и работат, како и дека никогаш не живееле во странство.

Многумина, дури и во Русија, меѓутоа, не веруваат во оваа верзија и сметаат дека таа не е точна и дека намерно е изменета.

Во осумдесеттите години на 20 век, Путин, заедно со семејството, има живеено во тогашна Источна Германија, во Дрезден каде работел во седиштето на КГБ во овој германски град. Таму ќерките имаат научено да зборуваат германски јазик, иако нивниот татко тврди дека јазикот го научиле во Сенкт Петерсбург, во некое тамошно германско училиште.

Милијардерка на 27 години

Екатерина Тихонова (35) е помладата ќерка. Родена е во Дрезден и не го носи презимето на таткото, туку на нејзината баба, по мајка.

Таа ја предводи компанијата „Инопрактика“, а во исто време е заменик директор на Институтот за математика на Универзитетот во Москва. Доктор е по физика и математика. Научниот центар со кој раководи се проценува на 1,7 милијарди долари. Во 2013 година Тихонова се има омажено за Кирил Шамалов, син на косопственикот на Банка Русија, Николај Шамалов. Станува збор за една од најголемите и за власта најзначајните руски банки Таа меѓу првите се најде на удар на европските и американските санкции.

Пет години подоцна, бракот е разведен. Но во време додека двојката беше заедно, располагале со имот во вредност две милијарди долари. Тоа е време кога Екатерина имала само 27 години. Разводот таа го има покренато, откако го фатила сопругот во прељуба.

Постарата ќерка Марија е само една година постара од својата сестра. За неа се знае дека е родена во Санкт Петерсбург и за блиските е позната како Маша – според името на мајката на Путин. Таа е дипломиран биолог – генетичар и едно време има работено и како советник кај таткото – за генетски инженеринг.

Живот во Холандија

Марија има живеено во Холандија (се тврди дека таму биле двете сестри и таму имаат научено англиски и холандски). Таму се има запознаено со Холанѓанецот Јонт Фасен со кого живее во невенчан брак и со кого има дете. Самиот Путин во една прилика има признаено дека е дедо, но нема откриено колку внуци има и чии се.

Зетот на Путин за постарата ќерка има работено го Газпром како извршен директор на овој руски нафтен гигант. Европски медиуми откриваат дека Марија (Маша) од 2015 живее во Москва.

Во Холандија ќерката на рускиот претседател има стан близу до Хаг, во вредност од над три милиони долари, но се вратила дома, откако во холандската јавност, во 2014 година се покренала кампања таа да биде протерана.

Причина за тоа е соборувањето на малезискиот патнички авион над Источна Украина (над Донбас), во 2014 година, во време на борбите на проруските бунтовници со украинските сили. Најголем број од над 300 загинати патници беа Холанѓани. За соборувањето, со руска ракета, холандските власти ги обвинија бунтовниците.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе