Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Остров на Јадран за 700 илјади евра

Mliss/Depositphotos.com

Остров на Јадран за 700 илјади евра

Јадранскиот остров Мал Космач, со површина од пет илјади квадратни метри, уште од 2016 година се нуди за продавање. Островчето е во приватна сопственост, на еден староседелец од малечкото место Винишча, во Сплитско – далматинската жупанија, а неговата најнова продажна цена изнесува 700 илјади евра.

Мал Космач стои шест години непродадено и покрај големиот интерес што (велат во Сплит) постои за него, како од домашни, хрватски купувачи, така и од странци кои се заинтересирани за купување остров на Јадранот. Агенцијата за продавање на недвижен имот, што го продава им објаснила на тамошните медиуми дека цената на ова островче постојано расте и дека многу брзо ќе се нуди за милион евра.

Грчкиот модел и за Хрватска?

Но, претставник на агенцијата објаснил дека проблемот со просторниот план на локалните власти, според кој на Мал Космач не е дозволено никакво градење и подигнување на било каков објект, ги одвраќа купувачите. Проблем се и крутите прописи врзани за просторното планирање, па малиот ненаселен остров и натаму е без купувач.

Медиумите кои го посетиле, објаснуваат дека околу островот има остри карпи, поради кои – се смета – дека е невозжно до него да се пристане со некаков пловен објект. Обраснато е со ниско стеблести растенија, па во Сплит сметаат дека островчето е единствено погодно за земјоделски активности. Но, и за оваа гранка важи забраната било што на него да се подигне, иако во Жупаијата проценуваат дека такво какво што е, Мал Космач е непогодно за градба, дури и таа да биде дозволена.

Луѓето, инаку, се поделени околу судбината на ваквите јадрански острови. Дел од нив се против тоа тие да се продаваат, додека други се на мислење дека продажбата треба да се дозволи и дека како купувачи може да се јават и странци.

Пазарни експерти се убедени дека Хрватска може да заработи со продажбата на дел од своите острови на Јадранот. Се предлага владата во Загреб и локалните власти да се угледаат на Грција и на нивниот модел, па на ваквите острови, да се дозволи изградба во контролирани услови.

Населени се само 66 острови

Притоа, се инсистира дека островот – самиот за себе – не се продава, туку дека на купувачите им се нуди земјиштето на него. Неговиот брег е поморски имот, со кој управува Жупанијата, а сопственик на таквиот и тој имот не може никој да биде.

Во ваквата „шума“ од мислења и од разни толкувања, заклучок е дека сопствеништвото на остров станува симбол на престиж и во Хрватска.

Некому тоа му изгледа како можност за заработувачка, меѓутоа, за други тоа е национално, државно богатство кое никој не може да го манипулира. А, како сега стојат работите, нема закана дека ќе се започне со распродавање на јадранските островчиња, без разлика што тие се наоѓаат на огласите за продавање.

Република Хрватска има 1244 острови, но населени се само 66. Сите се многу мали и во 80 отсто случаи се во сопственост на државата. Само 20 отсто од нив се во приватна сопственост.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе