Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Детето на Маск се откажува од таткото

rokas91/Depositphotos.com

Детето на Маск се откажува од таткото

Трансродната ќерка на американскиот милијардер Илон Маск, се откажува од својот татко и по судски пат има побарано промена своето име и презиме, што е во склад и со промената на полот и на идентитетот.

„Не сакам да живеам, а ниту сакам на било кој начин да бидам поврзана со својот биолошки татко“ – има речено (сегашната) ќерка на милијардерот, дете родено како син.

Барање за менување на името и за добивање нов роден лист, што го одразува нејзиниот нов роден идентитет, е поднесено во Вишиот суд во Санта Моника, во округот Лос Анџелес. Ваквото барање било поднесено уште во април, но за него медиумите имаат разбрано дури сега.

Синот стана ќерка

Ксавиер Александар Маск неодамна има наполнето 18 години и како законски полнолетен побарал верификација на неговата желба за промена на полот, тврдејќи дека тој себе си се гледа како припадник на женскиот род, со измена на името.

Мајка на детето на Маск е Џастин Вилсон која во 2008 година се развела од Илон Маск.

Медиумите во САД не откриваат дали постои раздор, или некаково несогласување на милијардерот и неговото дете. Адвокатот на Маск, како и канцеларијата на компанијата „Тесла“ за односи со јавноста, одбиваат да ги коментираат откритијата за барањето на (сега) ќерката на милијардерот кој, инаку, во моментот се наоѓа на мака со вработените во компанијата Твитер која ја купи за 43 милијарди долари, на кои им се заканува со откази.

Таткото се декларира за „трамповец“

Еден месец по предавањето на документите на неговото дете за промена на полот и на името, Маск се огласи со соопштение дека станува поддржувач на Републиканската партија.

Тоа не е никакво изненадување затоа што од порано во американските медиуми се зборуваше за неговата блискост со тврдите, конзервативни и нелиберални позиции на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Сегашната одлука на Маск да стане републиканец (велат) ја одразува неговата сегашна состојба, врзана за неговото дете, бидејќи повеќето од републиканците во САД подржуваат закони со кои им се ограничуваат правата на трансродните лица – во некои од американските сојузни држави.

Во 2020 година, Илон Маск има изјавено дека „целосно ги подржува трансродните лица“, но дека сите тие „заменки кои одат со трансродноста се ноќна мора“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе