Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Касјанов: Путин може да се повлече за неколку месеци

Касјанов: Путин може да се повлече за неколку месеци

Поранешниот руски премиер Михаил Касјанов  изјави дека Владимир Путин би можел да се повлече од функцијата и буквално, да побегне  од Кремљ и од улогата што сега ја има, во рок од неколку месеци.

„Не мислам дека има некој во опкружувањето на Путин кој би можел да го натера да си оди“- има речено овој некогашен руски  политичар  кој сега живее  во егзил во Британија, во разговор за лондонската телевизија Скај-Њуз . Според него, самиот руски претседател кој сега има 70 години,  ќе разбере , многу брзо, дека е време да се повлече.

„Бегство од Кремљ“

Касјанов смета дека за тоа има три  фактори што забрзано се засилуваат како одминува времето и кои ќе водат кон една  ваква негова одлука- да „ побегне“ од Кремљ.

Прво тоа е забрзаното растење на украинската армија , која се има трансформирано во респектабилна воена сила. Заслугата за тоа  е токму погрешнната одлика за агресија врз територијата на Украина, што руската војска ја започна кон крајот на февруари, како и силната воена и материјална подршка и помошта од страна на САД, Британија и од сите другите од НАТО и Европа.

Втората причина, според Касјанов , ќе биде покренатата мобилизација ( инаку прва во Русија после 1941 година) која се покажа крајно непопуларна и неподржана од руската јавност, што е сосема спротивно од очекувањата и верувањето на Кремљ. Наместо тоа, насилното мобилизирање и острите  казни за оние кои се противат да одат во војната против „братска“ Украина, предизвика бунт во јавноста.

Забрзано губење на подршката

Младите и припадници на нивните семејства  масовно бегаат  од Русија, било каде во странство, дури и во Грузија и во Казахстан. Тоа во секој случај, е показател за непопуларноста на војната , наспроти уверувањето на официјалната пропаганда. Од друга страна, ваквата ситуација  станува силен  показател дека рускиот претседател ја губи подршката меѓу обичните Руси.

Третата причина за повлекување би биле острите меѓународни санкции и изолацијата во која се најде земјата. Санкциите на Западот , полека но сигурно го покажуваат својот ефект и  покажуваат дека Русија не може да се справува туку, така со нив. Без разлика што тврди ( како што прави тоа во изминатите месеци) дека санкциите  се неефикасни, дека немаат ефект врз земјата и руската економија, па дека затоа,  нема да ја натераат Москва да се повлече од војната.

Касјанов, меѓутоа, не мисли така . „Станува збор за следните три, до четири месеци кои според мене се круцијални за промените што ќе се случуваат во Кремљ“ – изјавил поранешниот руски премиер.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе