Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

НАСА: Планетата Земја може да се одбрани

НАСА: Планетата Земја може да се одбрани

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека успешно е изведен и завршен експериментот во вселената, кога за прв пат во историјата, беше измената орбитата на едно небеско тело- астероид- со директен удар во него на летало испратено од Земјата.

Леталото Дарт , што го лансираше НАСА , успеа во својата мисија – да ја измена природната патека на астероидот Диморфос  и на тој начин, со овој историски вреден експеримент,  да направи еден вистински историски чекор на целото човештво, покажувајќи како светот може да се одбрани од вселената.

Дарт против Деморфос

Според експертскиот тим на НАСА, станува збор за експериментот со кој беше демонстрирана технологијата за тргање на небеско тело од неговата орбита за да се одбрани планетата-  тоа тело- астероид- да не падне на површината на Земјата.

Пред намерно изведениот судар, на астероидот Деморфос му беа потребни 11 часови и 55 минути за да ја помине својата орбита околу друг, поголем астероид Дидмос. Сега, меѓутоа, за тоа се потребни 11 часови и 23 минути. Претходно, астрономите сметаа дека целиот овој експеримент ќе биде успешен доколку траекторијата на астероидот се скрати за десет минури. Леталото Дарт на НАСА успеа да постигне скратување за 32 минути.

„За прв пат , човештвото успеа да ја промени орбитата на еден планетарен објект, за да се одбрани и заштити планетата Земја“- изјави директорката на НАСА Лори Глејз.

Таа е уверенена дека со експериментот се докажа дека Земјата може да се брани – на одалеченост од седум милиони километри, експериментално беше изместен астероидот од својата патрека по која досега се движеше.

Историско постигнување

Во НАСА целата мисија се означува како самоубиствен пробен лет на едно летало , направено на Земјата (Дарт) , за да се измени орбитата на еден астероид со употреба на обична, кинетичка сила. „Во секој случај, станува збор за пресвртен момент за планетарната одбрана “- велат експертите од Американската вселенска агенција.

Мисијата чинеше 330 милиони долари и на неа е работено седум години.

Ниту помалиот астероид Диморфос, а ниту поголемиот Дидмос, не претставуваа закана за планетата Земја.

Беа искористени само за изведување на овој историски експеримент и како што велат научниците беа извонредна цел за тестирање на технологијата за скршнување на тело во вселената со налог од Земјата, за најзина одбрана и безбедност.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Технологија

Горе